Македонија Бизнис

(Видео): Законот за минималец од 500 евра повторно во Собранието

Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко, вели опозицијата и додава дека цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа.

Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава: Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа. Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како не може да го подобрат животниот стандард. Младите, пензионерите, работниците, земјоделците сите се борат со високи цени, ниски плати и неизвесна иднина.

Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра! Ова не е само барање на работниците, ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства. Веќе еднаш СДСМ ги поднесе законските измени за поголема минимална плата, за покачување на сите плати, но ВМРО-ДПМНЕ ги одби.

Ние нема да се откажеме. СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра. За достоинствен живот и за фер плати. Ќе видиме кој ќе гласа „ЗА“ народот, а кој повторно ќе го сврти грбот на народот. СДСМ е и ќе остане гласот на работниците, на сите граѓани. СДСМ ги слушаше и почитуваше работниците, и сега е така. Нашата борба продолжува, за 500 евра минимална плата, за зголемување на платите во сите сектори и за достоинствен живот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Собранието на Македонија со дигитален асистент за лицата со попреченост

Собранието на Република Македонија денес објави дека ја модернизирало својата официјална веб-страница со интегрирање на напредни технологии за пристапност, со цел да се овозможи полесен и еднаков пристап до парламентарните информации за лицата со попреченост.

Koи европски држави ќе имаат економски раст до 2027 година?!

Во 2027 година, Шпанија повторно ќе го забележи највисокиот раст на реалниот БДП меѓу петте најголеми економии, иако стапката ќе се забави на 1,8 отсто. Се очекува Германија да забрза од 1 отсто на 1,5 отсто. Обединетото Кралство и Италија ќе забележат зголемување од само 0,1 процентен поен во споредба со 2026 година, додека Франција ќе остане непроменета на 1 отсто.

Јанкуловски: Пензионерите веќе го почувствуваа зголемувањето на пензиите, кои ќе растат и натаму

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис 21 на ТВ 21 изјави дека пензионерите веќе го почувствувале зголемувањето на пензиите со оваа влада, а најави и дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни зголемувања, согласно со законските и фискалните можности.

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 дека ја вознемирувал на телефон, тој пак ја обвини за цензура

Дел од настанот е документиран и на видео-снимка која се прошири на социјалните мрежи, на која се слушаат навредливи и вознемирувачки изјави упатени кон Русковска. Таа, како што е наведено, го предупредила Јовановски дека ќе се обрати во полиција доколку не престане со повиците, но контактите продолжиле и по предупредувањето.

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение, за да се спречи амнестија на криминал во повеќе од 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд од февруари оваа година

To top