Македонија

ВРЕДИ: Османи секогаш се грижел само за своите интереси

Во својата политичка кариера, од министер за здравство до шеф на МНР и кандидат за претседател на државата, отсекогаш се грижел само за својата лична позиција и напредување, но никогаш за интересите на граѓаните

 

Ова го потврдуваат и официјалните државни институции, велат од коалицијата ВРЕДИ, од каде се повикуваат на Државниот завод за ревизија кој излезе со неколку негативни извештаи за работата на поранешниот шеф надипломатијата и кандидат за шеф на државата, уште од времето кога бил министер за здравство во периодот 2008–2011 година.

„Во 2010 година, ЕСЗП објави извештај за Министерството за здравство за 2009 година, за периодот во кој Османи беше министер.

Извештајот утврди: Нелегална употреба на службени возила, без решенија за службени патувања, без месечни извештаи; 4,58 милиони денари платени за гориво без проверка и усогласување на фактурите. Сервисирање на возила без доказ, 1,4 милиони денари платени за сервисирање без извештај за прием на квалитет. Нелегални вработувања преку агенции, ангажирање лица за проекти без да бидат предвидени во Правилникот за систематизација на работните места. Сомнителни бонуси за членови на Комисијата за јавни набавки, 410 илјади денари платени за наводно ангажирање надвор од работното време, без доказ за истото.

Овој извештај е доказ дека Бујар Османи не само што не оставил никаква трага од развојот и унапредувањето на здравствениот систем, туку напротив, неговото водство било пример за нелегално трошење на јавни пари“, велат оттаму.

Додаваат дека истиот човек кој добил негативни извештаи од државните ревизори, бара доверба од граѓаните на Општина Чаир за да продолжи со својата незаконска работа на локално ниво.

Османи потрошил 120 милиони денари за самит на ОБСЕ, а нема документи за тоа

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top