Македонија

АД ЕСМ со нови мерки за оптимизација на производството и заштеда на ресурси

Конкретни чекори за максимална оптимизација на производството на електрична енергија и рационална употреба на ресурсите во наредниот период

АД ЕСМ презема конкретни чекори за максимална оптимизација на производството на електрична енергија и рационална употреба на ресурсите во наредниот период. Како што информираат од компанијата, веќе е набавена електрична енергија по цена која е пониска од моменталната производна цена на РЕК Битола.

„Со оваа набавка, овозможуваме поекономично управување со расположливите капацитети, со што се намалуваат трошоците за производство и се зголемува флексибилноста на системот. Ова претставува дел од стратегијата на ЕСМ за поефикасно користење на домашните ресурси, но и за одржување на стабилно снабдување со електрична енергија,“ , велат од компанијата.

Компанијата исто така најавува дека ќе продолжи со анализа на пазарните трендови и динамична адаптација на производствените капацитети.
Трендот на пониски цени на берзата на електрична енергија во изминатиот период е максимално искористен од страна на АД ЕСМ, преку навремена и стратешка набавка на електрична енергија.

Така, изминатиов викенд постигната е набавна цена за електрична енергија од дури -2 евра за мегават-час (MWh), што претставува редок но возможен пазарен феномен кај краткорочните договори, за време на намалена побарувачка или зголемена понуда.

Ова значи дека ЕСМ не само што не платила за дел од набавената енергија, туку во конкретниот случај добила и финансиски бенефит за преземената енергија, што директно се одразува на намалување на вкупните трошоци за снабдување и одржување на системот.

Преку оваа стратегија, компанијата ги намалува оперативните трошоци и ги штеди домашните ресурси – особено јагленот, кој се користи во производните капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј. Набавката на електрична енергија по пониски цени од производната претставува рационално и одговорно управување.
Во меѓувреме, почнаа подготовките неопходни за започнување на планираниот ремонт на ТЕ Битола 3, а во втората половина на месецов се очекува да заврши капиталниот ремонт на ТЕ Битола 1 со што овој капацитет ќе биде ставен на располагање на домашниот електроенергетски систем.
Во тек се и ремонтни активности на ТЕ Осломеј.

Целта на АД ЕСМ е до почетокот на грејната сезона сите термоблокови да поминат низ  неопходните ремонти и да бидат подготвени за производство на електрична енергија.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава сѐ македонско!

Натаму владејачката македонска партија истакнува:  СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско. СДС на Филипче и Заев се квислинзите. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ […]

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top