Македонија

Мицкоски: Рекордни средства од Буџетот се издвојуваат за здравството, целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Премиерот Христијан Мицкоски  присуствуваше на пуштање во употреба на целосно реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Универзитетската клиника за урологија при Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. -Она коешто успеавме да го видиме и тоа што го направиле тука директорот заедно со соработниците, е навистина нешто коешто нѐ доближува чекор поблиску до европското здравство, односно условите […]

Премиерот Христијан Мицкоски  присуствуваше на пуштање во употреба на целосно реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Универзитетската клиника за урологија при Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.

-Она коешто успеавме да го видиме и тоа што го направиле тука директорот заедно со соработниците, е навистина нешто коешто нѐ доближува чекор поблиску до европското здравство, односно условите коишто ги видовме, сето она коешто претставува и апаратура и методологии навистина е нешто коешто е импресивно, порача Мицкоски.

Тој посочува дека ќе продолжи динамиката за инвестиции во здравството.

-Продолжуваме и понатаму со истата динамика и во периодот којшто следи. Интензивно планираме да инвестираме во здравството, тука е Клиничката болница во Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип. Тука е болницата во Кичево, заедно со Здравствениот дом. Како и Клиничката болница и реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово, соопшти Мицкоски во објава на својот фејсбук профил.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

To top