Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Актуелното решение за Агенцијата задолжена за „Еразмус“ е во координација со канцеларијата на ЕУ

СДС да провери прво во своите редови пред да зборува за криминал и злоупотреба на финансиски средства, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од СДСМ дека новата в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, била осомничена во истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) Актуелното решение е во целосна […]

СДС да провери прво во своите редови пред да зборува за криминал и злоупотреба на финансиски средства, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од СДСМ дека новата в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, била осомничена во истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ)

Актуелното решение е во целосна координација со канцеларијата на Европската Унија, забелешките СДС нека ги сподели и со канцеларијата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата, како што се наведува во реакцијата, порачуваат „СДС прво да си го погледнат својот двор, полн со луѓе кои обавувале јавни функции, а речиси нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или сторен криминал“.

Од ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат случајот со поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за злоупотреба на службената положба и проневера.

„Димова предизвикала штета на други средства во државата со кои управува Европската заедница во вкупен износ од околу 20 милиони денари, со коишто Димова направила две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК. Да потсетиме, тогашниот премиер Заев ја присили Димова да не ја поднесува пријавата за сторен криминал од 2,2 милиони евра, кои потоа Европската заедница си ги бараше назад. Овие пари завршиле кај исти луѓе и тендерите ги добиле исти две фирми поврзани со овие луѓе. Оваа мрежа имала своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот на премиерот, како близок пријател на еден од националните координатори во Владата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно од СДСМ обвинија дека в.д директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ана Михајлов, е осомничена во истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

 

Како што посочи на прес-конференција потпретседателот на Социјалдемократската младина, Јовица Јанковиќ, назначувањето на 1 август било извршено без транспарентност и без консултација со Европската Унија. Тој нагласи дека сето ова се случува откако претходниот оглас за директор бил поништен, а причините останеле мистерија.

Најнови вести од: Македонија

Арсовска молчи пред медиумите, а обвинува за пристрасно известување

Градоначалничката на Скопје Арсовска за четири години колку што е на функцијата, до Совет за етика во медиумите (СЕММ) поднела 18 жалби против 18 медиуми за неточно информирање за нејзината работа. Од нив 11 биле основани, а шест неосновани, а една жалба, онаа против порталот Фактор.мк, е решена по пат на медијација. Ако на ова […]

„Вреди“: Граѓаните нема да му поверуваат на Османи и неговите лажни приказни

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“. „Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите […]

Манасиевски: Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши, сега доаѓа време на правда и одговорност

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има одговорност за секој еден кој ќе покаже непримерно или незаконско поведение. Нема веќе заштитени и институциите постапуваат без разлика кој е тој што ги кршел правилата, истакна на прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „За разлика од едно друго време, кога СДС и ДУИ ги употребуваа институциите за злоупотреба […]

24 години Охридски рамковен договор: Пораки за единство, соживот и заедничка иднина

На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина. „Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски,. Тој призна дека потпишувањето на договорот не било лесно за никого: […]

To top