Македонија

Почина примадоната Милка Ефтимова

Примадоната Милка Ефтимова, почина на 89-годишна возраст во Скопје

Македонската јавност денеска се збогува со една од најголемите уметници на домашната оперска сцена.

Родена во Радовиш во 1936 година, Ефтимова беше симбол на професионализмот и страста кон музиката. Своето оперско деби го имаше во 1961 година, во улогата на Ацучена во „Трубадур“ од Верди. Во текот на повеќе од три децении кариера, настапила во над 40 оперски улоги, а нејзиниот моќен глас одекнувал на сцените во над 20 земји. Покрај оперските настапи, зад себе има и бројни концерти и рецитали.

Последниот пат пред публиката се појави во 1991 година, во претставата „Кармен“, со која ја заокружи својата импресивна сценска кариера со вкупно 157 изведби. Паралелно, како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ѝ пренесуваше знаење и инспирација на новите генерации вокални уметници.

Неодамна, во Домот за стари лица, каде Ефтимова ги помина последните години од животот, ѝ беше организирана прослава по повод 89-от роденден, на која со музика и емоции беше оддадена почит кон нејзиниот долгогодишен придонес.

Погребот на Милка Ефтимова ќе се одржи на 16 август во нејзиниот роден град Радовиш.

Со нејзиното заминување, македонската опера изгуби голем уметник, но легендарниот глас и богатото културно наследство што го остави ќе живеат уште долго.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

To top