Македонија

Манасиевски: Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши, сега доаѓа време на правда и одговорност

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има одговорност за секој еден кој ќе покаже непримерно или незаконско поведение. Нема веќе заштитени и институциите постапуваат без разлика кој е тој што ги кршел правилата, истакна на прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „За разлика од едно друго време, кога СДС и ДУИ ги употребуваа институциите за злоупотреба […]

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има одговорност за секој еден кој ќе покаже непримерно или незаконско поведение. Нема веќе заштитени и институциите постапуваат без разлика кој е тој што ги кршел правилата, истакна на прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„За разлика од едно друго време, кога СДС и ДУИ ги употребуваа институциите за злоупотреба и политички прогон.

Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши, сега доаѓа време на правда и на одговорност.

Владеењето на Заев, Спасовски и Ахмети беше препознатливо по вршење на политички терор врз луѓе кои се од друг табор. Се апсеше Миле Јанакиески по три пати само за да се задоволат апетитите на властите и да се дефокусира јавноста од криминалот и корупцијата кој беше во пикот во нивното владеење. Гордана Јанкуловска лежеше во затвор за „мерцедесот“ кој го возеше токму Зоран Заев, а Спиро Ристовски беше малтретиран и тепан во затвор од други затвореници.

Ова беше сликата со која се соочуваа сите оние кои беа спротивно на СДС и на ДУИ. Но и на ваквото однесување му дојде крајот. Сега моралот и принципите се приоритет.

Нема веќе да се дозволува шерифско однесување на локални началници или градоначалници, нема да поминува истото неказнето. Ако порано овие работи се дозволуваа затоа што одредени лица беа блиски или пак членови на СДС и ДУИ, сега тоа време заврши.

Во однос на недоличното однесување и злоупотребата на службената положба на началникот од Демир Хисар, лицето е веќе разрешено и кон него е поднесена дисциплинска постапка од страна на МВР. Нема веќе исклучоци и нема веќе оправданија. Секој што згрешил пред Законот, за истото и ќе одговара“, порача Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Мицкоски, придружуван од заменик-министерката Трајков, разговараше со Крис Павловски од „Рамбл Клауд“ за перспективите на Македонија

Канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски се смета како човек близок до сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп

Жителите на Љуботен го прашуваат Ахмети: Кога си нѐ посетил последен пат, или што направи ДУИ во селото додека бевте 20 години на власт?!

Непријатни прашања за Али Ахмети и неговата партија ДУИ, додека ја „тераат“ предизборната кампања, фалејќи се што сѐ „направиле“ за Албанците во Македонија

Стара „прикаска“ на Ахмети во ново, предизборно „пакување“: Македонија не постои без Албанците – кој мисли поинаку, нека заборави!

Според која основа и логика првиот „интегрист“ тврди дека „без Албанците не може да има стабилна, одржлива држава со перспектива, што може да ја гради иднината“?

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Струга, Мерко работи недомаќински

МОН не може и не треба да ги превземе ингеренциите на општината. Тоа што Општина Струга се жали дека блок дотациите не и стигнуваат, јас сум убедена дека е резултат на недомаќинско работење на градоначалникот и Општината и целото раководство, рече Јаневска.

Стејт департмент: Закани кон новинарите и медиумска слобода остануваат сериозен проблем во Македонија

Американскиот Стејт департмент во годишниот извештај за човекови права за 2024 година предупредува дека Македонија продолжува да се соочува со сериозни предизвици во заштитата на слободата на медиумите и правата на новинарите, и покрај уставните гаранции за слободата на говор.

Најнови вести

To top