
Градоначалничката на Скопје Арсовска за четири години колку што е на функцијата, до Совет за етика во медиумите (СЕММ) поднела 18 жалби против 18 медиуми за неточно информирање за нејзината работа. Од нив 11 биле основани, а шест неосновани, а една жалба, онаа против порталот Фактор.мк, е решена по пат на медијација. Ако на ова се додадат и шестте жалби на Град Скопје и 11 на јавните претпријатија што се под контрола на градоначалничката тогаш вкупниот број на жалби за четири години изнесува 35.
Најмногу жалби, четири, Арсовска поднела против неделникот Фокус и порталот на овој медиум Фокус.мк, а најмалку, по една против весникот Вечер и неговиот портал Вечер.мк, по што следуваат порталите Вечерпрес.мк, Република.мк, Лидер.мк, Независен.мк, Фактор.мк, Локално.мк, Булевар.мк, а една жалба има и против телевизија Алфа. За четири години Арсовска преку Град Скопје поднела и три жалби против нашиот портал МКД.мк и сите три се отфрлени како неосновани.
Најчеста причина за жалбите на Арсовска е се за неточно и нефер известување, на мешање на факти и мислења, вест со коментар, незастапена втора страна, нарушување на приватноста и на пристрасност и неурамнотеженост во информирањето. Втора најчеста причина е, како што тврди во жалбите Арсовска, необјавувањето на демантите што ги испраќала до медиумите на кои се жали.
За јавните претпријатија под капата на Арсовска виновни ѝ се другите
На 25 мај годинава порталот СДК.мк објавил текст во врска со пречистителната станица во Скопје со наводи дека иако станицата требало да проработи во 2025 година истата не само што не е готова, туку не се знае ни дали ќе се гради.
Ова не ѝ се допаднало на Арсовска, па се жалела за неточно и нефер известување, за мешање на факти и мислења, вест со коментар, незастапена втора страна, нарушување на приватноста и на пристрасност и неурамнотеженост во информирањето.
Во жалбата, меѓу другото навела дека тврдењато во текстот дека „со доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничка функција проектот беше закочен, за што наводно имале забелешки европските банки“, се неточни, невистинити, паушални и тенденциозни, бидејќи, како што навела во жалбата Арсовска, градоначалникот на Град Скопје не е инвеститор, ниту нарачател на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води.
„Напротив нарачател и промотор на проектот е Министерстовот за животна средина и просторно планирање заедно со јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација Скопје, па не е јасно како порталот утврдил дека градоначалникот на Град Скопје го закочи проектот“, пишува во жалбата на Арсовска.
Целиот текст прочитајте го тука.