Македонија

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Струга, Мерко работи недомаќински

МОН не може и не треба да ги превземе ингеренциите на општината. Тоа што Општина Струга се жали дека блок дотациите не и стигнуваат, јас сум убедена дека е резултат на недомаќинско работење на градоначалникот и Општината и целото раководство, рече Јаневска.

Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прашана за коментар по вчерашната објава на Општина Струга дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година, Јаневска денеска на прес-конференција подвлече дека државата е во процес на децентрализација и оти постојат закони за тоа.

  • Министерството не може и не треба да ги превземе ингеренциите на општината. Ние сме длабоко во процес на децетрализација и општинските училишта се под ингеренција на општината. Тоа што Општина Струга се жали дека блок дотациите не и стигнуваат, јас сум убедена дека е резултат на недомаќинско работење на градоначалникот и Општината и целото раководство, рече Јаневска.

Таа потсети на незаконското поставување директори во неколку училишта на територија на општина Струга, а кажа и дека има сознанија за незаконски вработувања и неодобрени паралелки.

  • Таму се случуваа незаконски дејствија, незаконско поставување директори. Моите информации велат дека има незаконско вработување во одредени училишта и неодобрени паралелки. Претпоставувам дека се е тоа во корист на политички цели, а никако во корист на образванието. Тие што ја водат општината треба да се способни со коректно работење да се справат и со проблемите, доколку не се, идат избори па ќе видиме граѓаните што ќе одлучат, рече Јаневска.

Општина Струга вчера на својот фејсбук профил објави дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година поради немање доволно средства за исполнување нормални услови за одвивање на образовниот процес во 12 основни училишта.  Во објавата го известуваат Министерството дека од 1 септември 2025 година нема обврска да им испраќа блок-дотации на жиро-сметката на Општината, бидејќи, додаваат, од тој датум сите надлежности за основните училишта ќе бидат во нивни раце.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Долгот е над 300 милиони евра, 500 лица не доаѓале на работа а земале плата

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откри дека вкупниот долг на јавните претпријатија на градот надминува 300 милиони евра – значително повеќе од првично очекуваните 200 милиони.

Надлежните редовно да чистат, а несовесните граѓани да се казнуваат – порака од скопјани

Скопје се чисти, но дали навиките ќе се променат? Граѓаните задоволни од акцијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, но апелираат надлежните да продолжат редовно да го чистат градот, а скопјани да имаат поголема свест и да ја чуваат чиста околината. Сметаат дека само удар по џебот и големи казни за несовесните кои фрлаат отпад насекаде- е […]

To top