Колумни

Турскиот генерал Ознал: Историските и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат!

Ознал пишува и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го смета за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејска Македонија, под Грција. Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејска Македонија, присилно протерани во Бугарија.

Македонија не е Грција и гледано низ историјата, никогаш не била грчка. Македонскиот народ, историски и етнички, никогаш не бил грчки – тој е посебен, вековен народ. Секој народ сам си го избира своето име. Македонскиот јазик е единствен. Грција го лаже Балканот. Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат.– ова се само дел од пораките испратени со насловите на поглавјата на „Македонија не е Грција“ – книгата на турскиот генерал Ердоѓан Ознал за Македонија и Македонците. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“.

Натаму порталот пишува: „Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не е Грција“ од Ердоѓан Ознал, генерал на Корпус во Турската армија, познат истражувач и толкувач на балканските состојби. Ова капитално дело за првпат е објавено во Анкара, во 1993 година, кога силно ја разбранува и грчката јавност. „Матица македонска“ го објавува во превод на македонски јазик. Книгата мала според обем, но голема според опфатот на нејзината содржина, е напишана со користење документи и податоци од архивите на Отоманската империја, вклучително и од Турскиот воен архив.  Во 1993 година Ердоѓан Ознал како раководител на Националното воено здружение на Турција учествуваше на симпозиум за Балканските војни во Грција. На брошури, книги и на транспаренти по ридовите на Атина, секаде читал иста реченица: „Македонија е Грција“. „Грците без престан повторуваа дека Македонија отсекогаш била грчка, дека нема македонски народ итн…“ – сведочи  Ознал.

Иритиран, побарал збор на симпозиумот и пред 150 присутни рекол: „Македонија не е Грција,. Потоа настанал молк, без спротивставување од кој и да е друг учесник. Веднаш по враќањето во Турција ја пишува оваа книга, којашто говори со јазикот на фактите и ја отсликува Македонија низ вековите во нејзината вистинска светлина. „Македонија не е Грција“ е најуверлива негација на грчките бесмислици, пројавувани во подолг временски период и, особено, по осамостојувањето на Македонија.

 „Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот. Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853 до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сѐ до почетокот на XIX век, македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебен притисок за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква. Тоа говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ. – има напоменато Ознал.

Во книгата се претставени дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеаат во Македонија и колкав е бројот на жителите пооделно за секој од нив. Меѓу другото, низ податоци од Турскиот воен архив турскиот генерал ја покажува жестоката асимилаторска политика на Грција кон Македонците. „На пописот во 1904 година ги имаше 896.494, во 1913 година – 329.371, а на пописите во 1926 и 1940 година веднаш ги снема. Каде отиде македонскиот народ, што стана со него?“ – отворено прашува Ознал во книгата.

Притоа, Ознал пишува и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го смета за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејска Македонија, под Грција. Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејска Македонија, присилно протерани во Бугарија. Ги издвојува и податоците за протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар 10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесри 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигри 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итн.

Ознал се осврнува и на проблемите актуелни по осамостојувањето на Македонија, поврзувајќи ги со историскиот контекст и претходниот однос на Грција кон Македонците, Македонија и македонското прашање.

„Во весникот Напредок што излегува во Солун, а се печати на француски јазик, во бројот што излезе на 26 октомври 1926 година, се констатира дека егејскиот дел на Македонија целосно се погрчил. Во големата енциклопедија на Грција, на страница 410 се вели: Со вселувањето на Грците што се иселија од Турција во егејскиот дел на Македонија извршивме голем патриотски долг.’ – има забележано Ознал во книгата. Потоа напоменува и дека во 1990 година службите за човекови права во САД јавно проговорија дека Македонците како што ги има во Република Македонија, во Бугарија и во Албанија, ги има и во Грција.

Според него, иако Грција беше бесна, оваа констатација за постоењето на Македонци во оваа земја беше од голема полза светот да ја дознае вистината. Ако не постоеше овој народ и оваа нација, зошто Караманлис во 1992 леејќи крокодилски солзи на аеродромот во Солун рече дека Киро Глигоров ќе се кае за она што го вели и што го прави? –  прашува турскиот генерал во книгата.

„Македонија не е Грција“, како ретко која друга публикација има предизвикано реакции во Грција, со бројни написи во медиумите, со реакција, вклучително и за тоа што иако ставовите во книгата не се на официјална Турција, книгата е печатена во печатницата на турскиот Генералштаб и со тоа добива полуофицијален карактер.

Ердоѓан Ознал има македонски корени: неговиот татко е роден во Дојран, а за време на Балканските војни со родителите бега за Турција. Генерал Ознал за првпат ја посети Македонија во 2017 година и ги обиколи местата, за кои како дете слушал од татко му.

 

 

Најнови вести од: Колумни

Жестока критика за Али Ахмети од албанската дијаспора, Муслиу вели „нема компас во изјавите“ и „во борбата за власт го лиже тоа што ќе го исплука“!

Продолжува серијата прогнози меѓу Албанците дека му се наближува политичкиот крај на лидерот на ДУИ Али Ахмети: овојпат вакво навестување доаѓа од албанската дијаспора од Европа, од Скендер Муслиу од Евроатлантското лоби на Албанците. Ова е уште една потврда за фактот дека политичката кариера на Али Ахмети е во остра надолна линија не само во очите на неговите сонародници од Македонија и во Балканот полшироко, туку сега веќе и меѓу албанската дијаспора.

Ако не се урне сценариото за уривање на Македонија, Македонците ќе станат бестатковинци – новите „Курди во Балканот“

Французите ги уриваат Макрон и неговата влада, ама не ја уриваат и Франција како држава, што е целта со Македонија! Се обидуваат и Германците да ги урнат германската владејачка коалиција и Мерц, ама не се стремат да ја урнат Германија како држава, што е целта со Македонија! Потребно е македонско национално и македонско државно единство во напорите за создавање услови за подобар живот за сите граѓани без оглед на етничката и политичката припадност, отфрлајќи било чии меѓународни замешателства во нашите внатрешни работи.

Макронова Франција, која се меша во внатрешните работи на многу држави, е „санстефанска маќеа“ за Македонија, а „европска мајка“ за Бугарија! (2)

Со оглед на активираното сценарио за уривање на Македонија како држава, ќе мора локалните избори на 19 октомври да бидат не само изјаснување за нови, поквалитетни локални власти и подобро функционирање на општините, туку и референдум за опстојот и просперитетот на Македонија како држава и заеднички дом за сите нејзини граѓани, без оглед на нивната етничка и политичка припадност.

По „париската обука“ Филипче и СДСМ ја „извадија“ „најпатриотската“ резолуција за „Бугари во устав“ – новата „бугарска алатка“ за распад на Македонија! (1)

По реакцијата на претседателот Макрон околу „недипломатското однесување“ на новиот амбасадор на САД во Париз Чарлс Кушнер околу прашањето за признавањето на Палестина, Министерството за надворешни работи на Франција на 24.8.2025 упати барање до Трампова Америка „да „не се меша во нејзините внатрешни работи“, бидејќи е тоа „неприфатливо од гледна точка на меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи“. Имајќи предвид дека меѓународното право еднакво важи и се применува и за Македонија, како требало да реагира таа кон Макрон, кој веќе неколку години се залага за „правда за барањата на Бугарија“, а пред се за внесување на „бугарскиот државотворен народ“ во македонскиот устав?! Уште и го „скрои“, заедно со своите соработници, катастрофалниот „француски предлог“?!

Аманетот на Петре М. Андреевски: Не дозволувајте друг да ни ја контролира националната свест! – Да изградиме заедничка програма за Македонија!

Во 2000 година во интервју за весникот „Нова Македонија“, запрашан што би им советувал на Македонците, македонскиот книжевен гениј и патриот Петре М. Андреевски ќе нагласи: „Да си ги вратат достоинството, храброста и вистината за себе!“

Зарем не може и Македонија да стане „балкански еколошки Сингапур“ со своја „револуција“ за собирање и искористување на отпадот?!

Во азиската град-држава Сингапур, која се нарекува не случајно „светска престолнина на рециклирањето на отпадот“, ѓубрето не се нарекува ѓубре, туку „рециклирачки материјали“, а во Македонија од него се формираат се поголем број „мини-планини“, кои се повеќе ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, посебно во случаите на намерно подметнуваните пожари како во изминативе неколку седмици.

Албанија со устав бара да не бидат дискриминирани Албанците во други држави, а тамошните Македонци се жалат токму на тоа, дека се граѓани од втор ред! (4)

Попретседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија Ендрит Фетаху на најјасен можен начин укажува зошто мора да се вратат во уставот на Македонија не само Македонците од Албанија, туку и од сите други балкански држави, заедно со грижата на државата за нив и нивните права, како што и се случи пред 30 години со усвојувањето на амандманот 58 на уставот: за да се одржи во живот македонската кауза во Албанија, но и во Бугарија, Грција, Косово и секаде каде што живеат Македонците во Балканот заедно со својот македонски етнички идентитет и мајчиниот македонски јазик.

Бугарија бара дури и„држава во држава“ за фантомскиот „бугарски народ“ во Македонија, а низ ЕУ се дере: „Њама македонски език, њама Македонци кај нас!“ (3)

Д-р Билјана Волческа-Вербруге, предавач по европска интеграција и културни студии на Тилбург Универзитетот во Холандија, ја критикува Бугарија дека ја принудува Македонија „повторно да ја пишува својата историја“, но и оти бара од неа преку хегемонистички говор и пристап да се откаже од какво било тврдење во врска со постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

To top