Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со криминални шеми Заев и Димова украдоа над 2,5 милиони евра од Агенцијата Еразмус, кои потоа ЕУ ги побара назад од државата

Владејачката партија со став: Владата на СДС за секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност

„Тогашниот премиер Зоран Заев ја присили Лидија Димова да не поднесува кривична пријава за криминал, вреден 2,2 милиони евра. Ова беа пари, украдени од координирана мрежа во Националната агенција која завршува во тогашниот кабинет на Зоран Заев.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ обвинува: Шемите на Заев и Димова го исцрпија буџетот на Агенцијата Еразмус за повеќе од 2,5 милиони евра европски пари, кои потоа Европската заедница ги побара назад од државата. Владата на СДС за секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност. Каде и да се појавеа, ја посрамотуваа државата и самите себеси. И на домашна и на меѓународна сцена. 

„Чест на исклучоците, но во СДС речиси сите поранешни функционери, директори, министри, се поврзани со некаков сомнеж, или сторен криминал. Лидија Димова го оштети Буџетот на Агенцијата, на која што беше директорка за повеќе од 20 милиони денари. За тој случај е осудена со уште две лица. Затоа СДС молчи кога ќе се спомне Димова. На крај ќе речат дека ја познаваат од телевизија. Тогашниот премиер Зоран Заев ја присили Димова да не поднесува кривична пријава за криминал, вреден 2,2 милиони евра. Тоа се пари, кои биле украдени од координирана мрежа во Националната агенција, што завршува во тогашниот кабинет на Зоран Заев.“ – велат од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека затоа и деновиве кога СДС ќе излезе со соопштение, или прес-конференција, народот не им верува. „Народот е свесен дека тие се синоним за криминал и корупција. Народот знае дека скоро секој поранешен функционер од СДС има направено криминал, а тој криминал го штити обвинителството и судството. Оваа слика мора да ја промениме.“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Денеска е Богојавление-Водици

И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Мицкоски до СДСМ: Ако вие се повлечете, друг ќе дојде на ваше место

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Дали […]

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат, вели екс претседателот

To top