Македонија

Велковски: Нема место за страв, пари за пензии се обезбедени и за сега и за во иднина, и тоа зголемени!

Одговарајќи на прашања околу иселувањето на младите, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски одговори: „Преземаме редица мерки, со цел да се мотивираат младите да останат и да не се иселуваат. Веќе има резултати.“

Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина, и тоа зголемени.“ – изјави синоќа Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, во гостувањето во ТВ Канал 5.

Одговарајќи на прашања околу иселувањето на младите, Велковски нагласи дека е важен економскиот дел, кој, како што напомна, најмногу влијае врз едно семејство, за да не се иселува. „Се преземаат економски мерки, вклучувајќи намалување на инфлацијата, отворање нови работни места, особено во приватниот сектор со поголеми плати, како и низа други мерки во здравството, образованието и детските градинки.“ – посочи Велковски.

„Преземаме редица мерки, за да се мотивираат младите да останат и да не се иселуваат. Веќе има резултати. Имаме стратегија во оваа смисла и за зголемување на наталитетот.“ – додаде заменик-министерот Велковски.

Во однос на питачењето, особено на децата, тој посочи дека има план и конкретни чекори за решавање на проблемот.„Ќе се работи директно со семејствата и со децата.“ – укажа во врска со тоа Велковски.

Според него, се решава и проблемот со недостигот на вработени во детските градинки. Изнесувајќи критики за претходното работење, Велковски нагласи дека сега системски се постапува и оти е надминат проблемот со листите за чекање при запишување деца во градинките. Тој се осврна и на вложувањата во изградба на нови градинки и простори за деца.

Околу жалбите за работата во одделни центри за социјални работи, Велковски одговори дека во минатото биле констатирани недостатоци, а инспекциите биле засилени на терен за брзо и ефикасно решавање на проблемите. Тој посочи дека во изминатите години имало затајувања на системот, но за една година било постигнато значително придвижување.


Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top