
Првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски соопшти дека општина Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции!
– Според најновиот извештај на реномираната организација Центар за граѓански комуникации, Гази Баба го презеде приматот како општина со најголема вредност на јавни набавки на ниво на целата држава.
Во топ 10 листата на единици на локалната самоуправа со најголема вредност на реализирани тендери:
1 Гази Баба – 11,7 милиони евра
1 Битола – 11,4 милиони евра
1 Аеродром – 10 милиони евра
Ова е сериозно признание и силен доказ за вистинскиот развој на општината, за посветената, одговорна и чесна работа која секојдневно ја вложуваме за доброто на нашите граѓани, сподели Стефковски.
Вели дека продолжуваат со исто темпо напред.
– Да се биде на врвот, да се завземе првото место на листата што децении наназад ѝ припаѓаше на Градот Скопје, за мене е огромна чест, но и обврска. Ова признание не е само бројка – тоа е потврда дека сме на вистинскиот пат! Не запираме, продолжуваме! Со уште повеќе работа, со уште повеќе проекти, со уште повеќе резултати – за Гази Баба, за народот! – порача Стефковски кој е кандидат за упте еден граоначалнички мандат на претстојните локални избори и им се заблагодари на граѓаните за довербата.