Македонија

Беџети: Денес го запревме обидот за измена на изборниот закон, насочен против Албанците?!

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Беџети не одговори на обинувањето од координаторот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски дека ДУИ се поправо против независни кандидати на локалните избори и оти ним им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи

„Благодарение на двојното мнозинство – бадинтер денес во Собранието не помина обидот за измена на Изборниот законик, направен без консултација со ОБСЕ-ОДИХР и без вклучување на пратениците од Националната алијанса за интеграција во отворен и сеопфатен процес.“ – напиша пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието на Република Македонија Блерим Беџети на својот фејсбук-профил. Наспроти ова тврдење на Блерим Беџети, пратеникот и координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски, исто така, преку општествената мрежа обвини дека ДУИ не сакаат независни кандидати на локалните избори и оти ним им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи.

Блерим Беџети во својата објава на фејсбук натаму наведе: „Тоа што не помина обидот за измена на Изборниот законик е победа за демократските принципи и почитувањето на гласот на граѓаните, бидејќи законите што директно влијаат на иднината на земјата и изборните процеси мора да се изготвуваат со отвореност, консензус и почитување на меѓународните стандарди. Напорите на партиите од Вреди, кои денес ја држат власта без етнички легитимитет во противалбанската влада, не можат да ги загрозат правата и еднаквата застапеност на Албанците.“

„Ќе останеме решени дека секоја законска промена треба да биде функција на демократијата, еднаквоста и правичната застапеност на сите заедници во земјата.“ – посочи Блерим Беџети.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија.

To top