Македонија

(Видео): Изгасивме еден куп пожари кај Јажинце, вели Ангелов

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.

Пожарот кој синоќа повторно се реактивираше во атарот на селото Јажинце, општина Јегуновце, зафати висока трева, грмушки и смреки, а поради засилениот ветер огнената линија се прошири на должина од над еден километар, во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце.

За спречување на неговото ширење беа ангажирани десет противпожарни цистерни, осум пинцгауери и еден воден топ на МВР.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.

„Околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева линија во должина од повеќе од еден километар. Таа беше изгасната и контролирана, но се појавуваат жешки точки поради кои утрово дејствува и полициски хеликоптер со прецизно фрлање вода“, рече Ангелов.

Кажа дека десната огнена линија сè уште е активна и тешко пристапна поради густата вегетација и теренот обраснат со трње. Еден крак од пожарот се движи во насока на селото Дворце, кон скопската страна.

На терен се пожарникари од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци, како и локалното население.
https://www.facebook.com/1401799632/videos/1070073165288434/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: По жестоките и рафални критики кон Англија опозицијата сега ова го прави и кон САД! Очекувам набргу многу добри вести за граѓаните!

Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани – изјави премиерот Мицкоски.

To top