Македонија

(Фото): И по пет месеци од трагедијата во Кочани, болката сè уште жива

Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува, изјави Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо.

Денеска се навршуваат пет месеци од кочанската трагедија, по што и овојпат граѓаните се собраа на протестен марш во чест на „ангелите“. Спомените се единствената сила што нè држи исправени. Оваа порака беше испратена на денешниот 18. „Марш на ангелите“ што се одржа во Кочани во чест на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Воедно, денеска се навршуваат пет месеци од трагедијата која присутните ја опишаа како најтешкиот ден во нивните животи.
И по половина година, раните сè уште не зараснаа – семејствата на настраданите секојдневно ја носат болката и се сеќаваат на своите најблиски.
– „Денес се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува. Секоја мисла води кон нив, секој миг е обоен со тагата по изгубеното. Спомените се единствената сила што нѐ држи исправени. Мостот меѓу вчера и денес. Меѓу присуството и тишината. Љубовта што ја оставија зад себе е вечна и никогаш нема да згасне. Таа љубов е нашиот патоказ, нашата светлина во темнината и доказ дека тие живеат во нас засекогаш“, рече Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов.
Граѓаните на Кочани велат дека градот и понатаму е обвиен со тага, а трагичниот настан останува длабоко врежан во колективната меморија. Во изминатиот период беа организирани неколку протестни маршеви за „ангелите“ од Кочани, на кои граѓаните со свеќи, молитви и пораки за правда ја искажуваа својата болка и незадоволство.

Трагедијата, која се случи на 16 март годинава, предизвика шок и неверување, а институциите најавија истраги и мерки за да се спречат слични случувања во иднина. Но, конечна завршница на случајот сè уште нема, што дополнително ја зголемува недовербата кај јавноста.

Граѓаните порачаа дека времето минува, но болката и барањето за правда остануваат.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Дрвосечачи седат во канцеларии, а кубуриме со стручен кадар – некои дури соработуваат со дрвокрадци

Судството е последната алка која ќе мора да застане на браникот на татковината, вели во интервју за РСЕ заменик директорот на Национални шуми, Кирил Михаилов, коментирајќи дека е залудно да се фатат и стотици пиромани и дрвокрадци, кога тие во судска постапка добиваат мали парични или условни казни. “Ние како јавно претпријатие во моментов сме […]

Беџети: Денес го запревме обидот за измена на изборниот закон, насочен против Албанците?!

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Беџети не одговори на обинувањето од координаторот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски дека ДУИ се поправо против независни кандидати на локалните избори и оти ним им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи

(Видео): Изгасивме еден куп пожари кај Јажинце, вели Ангелов

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.

To top