Македонија

Ни фалат уште 500 потписи, велат од „Зелен хуман град“

Активистите од „ЗХГ“ коменираат дека прагот од 0,95 отсто практично значи дека бројот на потписи што е потребен за некој да добие право да учествува на изборите во Скопје, како дел од независна листа, е приближно ист со бројот на гласови што на претходните локални избори беа потребни за да се освои советничко место.

„Зелен Хуман Град“ се незадоволни од случувањата со измените на Изборниот законик во Собранието, со кои првичните прагови за собирање потписи за независни кандидатури од 1% од вкупните гласачи по општина беа прогласени за неуставни, но се врати скоро идентична бројка од 0,95%. Пратениците без ДУИ не ги изгласаа измените, бидејќи не беше обезбеден Бадентер и сега се чека Упатството на ДИК за на хартија да се види дали треба или не собирање потписи. Но, некои се крајно скептични и се плашат дека ќе бидат изиграни и затоа ќе продолжат со собирање потписи или регистрирање партија.

На социјалните мрежи „Зелен хуман град“ го напишаа ставот за случувањата и што ќе значеше обезбедувањето поддршка од 0,95 проценти од гласачкото тело:

„Со претходниот закон за независно кандидирање требаа 4.500+ потписи за Град Скопје, а со сегашниот предлог ќе требаат 4.430 – колку што на локалните избори во 2021 г. „тежеше“ едно советничко место.

Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот кој е превисок дури и за држави со далеку побројно население од нашето. Ова е уште еден подмолен обид за целосно исклучување на граѓаните од политичкиот живот и обид за зацврстување на монополот на зацементираните партии кои повеќе од три децении буквално ги крадат нашето здравје, нашата среќа, нашите животи, а сега ни го крадат и правото на избор.

ЗХГ продолжува да собира потписи од сите државјани на Македонија кои сметаат дека вреди да се поддржи единствената партија формирана од долгогодишни волонтери кои ги живеат принципите на заштита на животната средина, животните и социјална правда. Продолжуваме да собираме потписи од сите кои сметаат дека мора да се стави крај на префрлањето на топката меѓу играчите кои над 3 децении покажуваат дека играат против нас, граѓаните. Потписите може да се дадат на кој било нотар, а на нашите социјални медиуми се објавени нотарите кај кои има веќе испечатени документи за потпис. Дополнително потребно е вадење државјанство”.

Од ЗХГ велат дека им фалат ушѕе 500 потписи.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top