Македонија

„Инженери на Македонија“ бара од Уставниот суд да ја запре праксата на ЕВН да издава паушални сметки за струја со нереални износи!

Законот за енергетика од 29 мај 2025 година наложува фактурите да се издаваат исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото, но од ИНРМ велат дека ЕВН во своите фактури користи и процена на потрошувачката


Здружението „Инженери на Република Македонија“ (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и за преиспитување делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината за оваа иницијатива е, како што велат од ИНРМ, продолжувањето на праксата за издавање паушални сметки за струја.

Иако Законот за енергетика од 29 мај 2025 година наложува фактурите да се издаваат исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото, од ИНРМ велат дека ЕВН во своите фактури користи и процена на потрошувачката. Според ИНРМ, во фактурите постои графа „начин на кој е прочитано броилото: О = Отчитано; М = Проценета состојба“, што значи дека на потрошувачите им се фактурира струја врз основа на проценки наместо врз фактичка потрошувачка.

Според ова здружение, таа пракса е спротивна на Законот и создава правна несигурност. Тие предупредуваат дека граѓаните може неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници, поради неправилно пресметана потрошувачка.

„Исклучоци, кои го оправдуваат издавањето фактури врз основа на претпоставена вредност, се дозволени само кога мерењето не може да се изврши, поради техничка неисправност, или оштетување на мерниот уред. Секое друго отстапување, особено она, кое произлегува од субјективни причини како неотчитување, организациски пропусти, непојавување службено лице, или административен пропуст, веќе не претставуваат дозволена основа за паушално фактурирање.“ – се наведува во образложението на Иницијативата.

Со поднесувањето на иницијативата, ИНРМ се надева дека Уставниот суд ќе стави крај на оваа пракса на ЕВН. На јавноста и институциите им е достапен целосниот текст на иницијативата.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top