
Судството е последната алка која ќе мора да застане на браникот на татковината, вели во интервју за РСЕ заменик директорот на Национални шуми, Кирил Михаилов, коментирајќи дека е залудно да се фатат и стотици пиромани и дрвокрадци, кога тие во судска постапка добиваат мали парични или условни казни.
“Ние како јавно претпријатие во моментов сме присутни насекаде каде што ќе се појави каква било потреба од нас. А новитет е она кое што, за разлика од минатото, кога имаше една состојба која што ја затекнавме пред доаѓањето на новата власт, нашите вработени не одеа ниту на шумските пожари, затоа што истите беа без соодветна опрема, немаа плата земено, без придонеси. За разлика од тогаш, сега нашите вработени ги гледате буквално на сите пожари, вклучително и на оние коишто не се наша обврска.
Значи ние во моментов секако онаму каде што ќе биде побарано помош од нас, се појавуваме. Значи класичен шумски пожар е една работа, меѓутоа оние пожари коишто отпочнуваат и на површини коишто не се шуми, се мисли пред се на полски површини, пасишта, приватни шуми, па и одредени депонии, урбан пожар како што беше пожарот во Софилар во Струмица, таму и нашите вработени беа рамо до рамо со пожарникарите од територијалните противпожарни единици и оние коишто се од доброволните противпожарни друштва” додава Михаилов.
Целото интервју погледнете то тука.