Македонија

(Видео): 205.000 евра од Агенцијата „Еразмус+“ завршиле в џеб кај членови од СДСМ?!

СДСМ не запреа тука. Покрај дресурата на магариња, доделија и дополнителни 125 илјади евра од Агенцијата Еразмус +, токму на братот на пратеникот Диме Велковски за проектот „Избери сирење’’, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Брат на пратеник од СДСМ добил вкупно 205.000 евра преку европската програма Еразмус+, обвинува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Манасиевски вели дека парите биле наменети за дресура на магариња и за правење сирење.

„СДСМ и Заев преку Димова и Еразмус + доделија неверојатни 83 илјади евра за дресура на магариња. Нешто невидено и невообичаено, но сепак за СДСМ и нивното владеење, ништо ново. Проектот беше доделен на брат на пратеникот на СДСM, Диме Велковски.

СДСМ не запреа тука. Покрај дресурата на магариња, доделија и дополнителни 125 илјади евра од Агенцијата Еразмус +, токму на братот на пратеникот Диме Велковски за проектот „Избери сирење’’.

Заев и СДСМ преку Димова се изживуваа и го цедеа Буџетот на Агенцијата Еразмус +. Проекти се делеа на ним блиски луѓе, на судии, професори, браќа на пратеници.

Ниту еден проект не помина незабележителен од страна на Европската заедница и од јавноста. Тоа говори дека СДСМ, Димова и Заев, не си ја вршеле чесно работата. Затоа е тука и обвинителството кое воедно повторно го повикуваме наместо да ги штити нивните платеници, да ја донесе конечно правдата во државата“, вели Манасиевски од партиската говорница.

Најнови вести од: Македонија

Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?

Пратеничката посочува дека кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање

To top