Македонија

Достоинствено одбележан Денот на Армијата – стожер и чувар на суверенитетот на Македонија

„Три децении посветена служба, професионализам и храброст што ја прават Армијата столб на нашата безбедност и гаранција за мирот во државата. Армијата не е само одбранбена сила, таа е симбол на нашата државност и чувар на мирот. Генерации војници, офицери, цивилни лица и поддржувачи ја градеа оваа Армија со љубов, пожртвуваност и професионалност“, порача министерот […]

„Три децении посветена служба, професионализам и храброст што ја прават Армијата столб на нашата безбедност и гаранција за мирот во државата. Армијата не е само одбранбена сила, таа е симбол на нашата државност и чувар на мирот. Генерации војници, офицери, цивилни лица и поддржувачи ја градеа оваа Армија со љубов, пожртвуваност и професионалност“, порача министерот за одбрана со целосна одговорност и почит кон секој припадник на Армијата.

Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата улога како чувар на татковината и гаранција за стабилноста. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Армијата е основа за развој и создавање на сигурна иднина за граѓаните. И опозициската СДСМ го честиташе празникот, нагласувајќи дека армиските припадници се симбол на безбедност и сигурност.

„Се собравме тука, во градот под Исарот каде се уште се чувствува нескротливиот дух на нашите револуционери, илинденци, партизани, асномци. Тука, во Штип, како што неодамна потсетив на Мечкин Камен, учитествувал идеологот на македонското револуционерно дело, големиот Гоце Делчев. Кој ја кренал вербата кај народот дека само со сопствени сили може да се избори за слободна македонска држава. Делчев бескомпромисно се залагал за самостојноста на македонското дело и се противел на секој обид за надворешно мешање во нашето движење. Не верувал во востание со луѓе кои ќе го напуштат при првиот неуспех, туку со кадарни луѓе кои може сами да се справат со сите предизвици и искушенија на една тешка и долготрајна борба“, порача Сиљановска Давкова.

Мисајловски додаде дека власта инвестира во војската и модернизирањето на Армијата согласно НАТО стандардите.

„Македонсата армија слави 33 години напредок, безбедност на татковината и сигурност на граѓаните. За тоа што сме денес организирана, виоско професионална и почитувана армија сакам да и се заблагодарам на сите мажи и жени во униформа и сите вработени во одбеанат , вие сте олицетворение на вековниот стремеж за самостојност и независност зошто одгвороноста за суверена македонија е ваша. Давате се за доброто на Армијата и државата да се движи напред. Како министер за одбрана можам по втор пат да ви го честитам овој ден. Денес можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме армијата и одбравбените сили стојат цврсто“, порача министерот Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

Двата паневропски коридори и 8 и 10, ќе бидат целосно покриени со автопат или со експресен пат и ќе бидеме во многу напредна фаза во градба на брза пруга на коридорот

Меџити: Беа Европски фронт, а сега Национална алијанса за интеграција, оти имаат проблем со идентитетот и им бегаат партиите!

Наспроти ироничниот коментар за „идентитетското ребрендирање“ на Али Ахмети и неговите „еврофронтовци“ сега во „национални интегративци“, вицепремиерот и еден од лидерите на Вреди Изет Меџити нагласува дека „Вреди како коалиција никогаш не била поединствена и никогаш не била пообединета“.

To top