Македонија

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

Двата паневропски коридори и 8 и 10, ќе бидат целосно покриени со автопат или со експресен пат и ќе бидеме во многу напредна фаза во градба на брза пруга на коридорот

На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот, истакна во вечерашното гостување во „Вести Плус” на Канал 5, потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, потенцирајќи ги сите инфраструктурни објекти на кои се работи во моментов низ целата држава.

-Во Македонија се сечат два паневропски коридори. Двата паневропски коридори и 8 и 10, ќе бидат целосно покриени со автопат или со експресен пат и ќе бидеме во многу напредна фаза во градба на брза пруга на коридорот 10 и на реконструкција и градба на коридорот 8, што ниту една друга држава во регионот го нема. Да не зборувам за аеродромите, што двата растат од квартал во квартал, така што кога ќе ја видите таа перспектива, мислам дека 2028 година, мислам дека ќе сме апсолутен лидер во регионот, рече Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top