Македонија

Мицкоски: Започна со работа новата хала на компанијата „Амфенол“ со 200 нови работни места

Премиерот на Република Македонија Мицкоски со порака до сите можни и заинтересирани инвеститори, но и до стопанствениците: Како Влада продолжуваме да креираме добра бизнис клима, стабилност, се стремиме да имаме колку е можно повеќе добри работни места. Владата сака да биде пријател на бизнисот и така и ќе продолжи да се однесува.

„Започна со работа новата хала на компанијата ‘Амфенол’ во Кочани. Инвестицијата на компанијата е трудоинтензивна, со близу 3.200 вработени. Во план се и 500 вработувања, кои ќе се реализираат во две фази: кога ќе биде завршен објектот ќе има нови 300 вработени, а догодина се планира нови 200. Така ќе се заокружи бројката од 3.700 вработени.“ – изјави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски од Кочани, каде што се наоѓа фабриката „Амфенол“.

Според премиерот Мицкоски, станува збор за исклучително висока технологија, со голема вредност на производот, што е важно, бидејќи ќе влијае врз бруто-домашниот производ на Македонија. „Како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни и странски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијатa ‘Амфенол’ тука во Кочани. Но во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на ‘Амфенол’. Оваа компанија е за нас стратегиски партнер.“ – напомна Христијан Мицкоски. 


Тој информира дека приходите оваа година ќе изнесуваат околу 200 милиони евра. „Тоа е огромна бројка. Придонесува не само за локалната економија, туку и генерално за државната економија. Како Влада со оваа посета и со овој увид сакаме да испратиме порака оттука дека сме партнери со бизнис-заедницата, со инвеститорите, без разлика дали се тоа домашни и странски.“ – посочи премиерот Мицкоски. 

Тој укажа дека во Советот на странски инвеститори се разговара отворено за проблемите. „Голем дел од проблемите се решаваат, меѓу нив се и усогласувањата на царинските ставки, кои што започнаа да се применуваат од 1 јули оваа година. Ако ја заокружиме перспективата овде и перспективата во Македонија, тогаш можам да кажам дека не се случајни се оние показатели, што ги имавме во економијата во првиот квартал оваа година. Веќе имаме три последователни квартали годинава со раст над 3 проценти, што претставува еден од водечките резултати според растот на бруто домашниот производ на државата во Европа. Ова е втор квартал што измина, а којшто треба наскоро да се објават податоците. Очекуваме исто така голем раст.“ – подвлече премиерот Мицкоски.


„Како Влада продолжуваме да создаваме добра бизнис-клима, стабилност, за да имаме добри работни места, колку е можно повеќе работни места, а оние што ја напуштија Македонија да ги вратиме дома. Владата сака да биде пријател на бизнисот и така и ќе продолжи да се однесува.“ – заклучи претседателот на Владата на Македнија Христијан Мицкоски. 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Премиерот Мицкоски посочи дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, каде се охрабрува работата на историската комисија до влезот на Македонија во Европската Унија. Тој потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург каде тој си ги присвојува Кирил и Методиј и кажува дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција

Мицкоски: Со Макрон и Мерц разговарав за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции

Инфо денови во Свети Николе и Неготино: 22,3 милиони евра за грантови за 2.043 лица да отворат сопствен бизнис, за два дена над 1300 апликации

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино

To top