Македонија

Голем резил во МАНУ – Кој ги урива македонските национални интереси изразени преку академијата за науки и уметности?

На срамната одлука на Одделението за општествени науки во МАНУ најмногу се радуваат бугарските и грчките академии и влади

Голем резил во МАНУ се случил минатата недела кога повеќе академици (не)координирано ги урнисале македонските национални интереси изразени преку академијата за науки и уметности.

МАНУ пред неколку месеци објавила конкурс за прием на нови членови во кој прецизно се барало нов член на академијата покрај другите профили да биде и еден археолог.

Одлуката на раководството на МАНУ била логична затоа што на пример во Грција и Бугарија во тамошните академии има по 6-7 археолози кои се темел на нивните национални позиции кои се користат и при промоција на земјата но и како потпора во идентитетските спорови со Македонија и други земји.

Иако МАНУ во Април месец решила во академијата да внесе нов член кој може да помогне во промоција на македонската археологија како темел на повеќе науки со кои се брани макеодонскиот идентитет минатата недела членови на МАНУ од нејасни причини ја блокирале оваа идеја на раководството, тврдат упатени кругови во состојбите во МАНУ.

На прелиминарото подготвително гласање кое се случува пред на пленарно гласање да бидат избрани новите академици, во Одделението за општествени науки од 9 члена само 4 гласале за предложениот археолог инаку водечки македонски и светски признат научник на ова поле.

Со оглед на тоа што за влез на пленарно гласање се потребни 5 гласа од 8 вкупно членови кандидатот археолог, професорот Драги Митревски, веќе не може да биде избран за академик.

Тој не може да биде избран ниту на следниот конкурс за 4 години затоа што дотогаш ќе наполни 70 години што според МАНУ е горна старосна граница за нови академици.

Кои се 5те члена на Одделението за општествени науки во МАНУ кои го саботирале преку конкурс изразениот интерес за прием на археолог засега никој не знае.

Тајното гласање за нов член засега ги спасува петтемина од голем срам и одговорност за тоа што тргнале против нивната куќа МАНУ но expres.mk веќе има начелен увид во распоредот на гласање и по новинарски проверки ќе ги објави тие што ја саботираат МАНУ.

Во моментов во МАНУ има само еден академик археолог, професорката Вера Битракова Грозданова која го поддржува професорот Митревски со цел засилување на одбраната на македонскиот идентитет кој меѓу другото се темели и на археолошките артефакти, останува со само еден археолог.

Професорот Драги Митревски е врвен светски археолог кој освен тоа што последниве децении и сега работи на неколку големи археолошки наоѓалишта и објавува студии за врвни светски издавачи од областа на археологијата, е можеби единствен македонски научник од оваа област кој е почитуван и во Грција и во Бугарија каде што не го љубат но го канат на дебата и го почитуваат за своите дела.

На оваа срамна одлука на Одделението за општествени науки во МАНУ најмногу се радуваат бугарските и грчките академии и влади кои сега со право ќе тврдат дека нема македонска археологија затоа што Македонија е измислена држава.

Најнови вести од: Македонија

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top