Македонија

Гаши: Кај нас секои избори се прашање на живот или смрт

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, објави дека на 12 септември се очекува усвојување на Декларација за фер и демократски избори

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, објави дека на 12 септември се очекува усвојување на Декларација за фер и демократски избори, откако политичките партии претходно ќе ја потпишат. Според Гаши, со донесувањето на Декларацијата во Собранието, нејзината порака ќе добие поголемо значење и тежина. Тој додаде дека овој документ е неопходен поради сомневањата на премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека ДУИ и СДСМ подготвувале таен план поврзан со изборите, изјави Гаши на средбата со новинарите.

-Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се последни и како да се работи за живот и смрт. Потребата од вакво нешто произлегува и од самата изјава на премиерот Мицкоски кој се сомнева дека ДУИ и СДСМ, имаат таен план за изборите. Декларацијата им е поднесена на пратениците а се планира да биде донесена на 12 септември. Досега партиите ваквата Декларација ја потпишуваа во ДИК, но сметам дека пораката ќе биде посилна и ќе има поголема „тежина“ доколку биде донесена на пленарна седница во Собранието, изјави Гаши.

Гаши притоа говореше и за Изборниот законик, рече дека досега нема нова иницијатива и повторен обид за усвојување на измените.

Засега нема најава од некого за повторен обид за измените на Изборниот законик. Пред десетина дена на седницата на 16-ти овој месец имаше иницијатива за заеднички да го донесеме, но тоа не се случи. Ако не ја свикавме седницата ќе беше дека не сме пробале да го донесеме законот и воедно да се види кој е за или против, изјави Африм Гаши, претседател на Собрание.

На прашањето за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за планираната реконструкција на Владата по изборите, претседателот на Собранието Африм Гаши не даде детали за тоа кој од коалицијата ВРЕДИ би бил засегнат, ниту дали реконструкцијата ќе се однесува само на министрите кои се кандидати за градоначалници и би можеле да победат на локалните избори. „Веднаш штом биде поднесен предлог за реконструкција, ќе свикам седница, но во моментов немам информации за тоа кој би бил опфатен“, изјави Гаши.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

To top