Македонија

Македонија пред ,,Големо уво 2″, екс директор на АНБ може да заврши во затвор за следење новинари

Еден од двајцата директори се соочува со робија

Македонија се наоѓа пред нова афера со прислушување откако безбедносните служби проговорија за ,, Големо уво 2″, случај во кој екс директор на АНБ може да заврши во затвор за следење политичари, новинари и медиуми.

Агенцијата за национална безбедност пријавила поранешен директор и група вработени, истрагата открила незаконско следење на медиуми и опозициски контакти, јавува Лидер.мк.

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), предводена од директорот Бојан Христовски, доставила три известувања до Јавното обвинителство против еден поранешен директор и група вработени. Причина за поднесоците е утврдено незаконско следење на опозициски лидер и повеќе медиуми во периодот од 2019 до 2024 година.

 

 

Извори од АНБ посочуваат дека во истиот период незаконски биле следени и јавен обвинител. Но и поранешен министер од тогашната влада, како и неколку новинари.

 

Внатрешната истрага на АНБ, спроведена по смената на власта и по доаѓањето на новиот директор Христовски, открила дека биле оформени предмети за оперативни обработки насочени кон медиуми и новинари. Според утврденото, нивната работа била оценета како закана со цел рушење на власта. Освен медиумите, предмет на обработка биле и нивните контакти од редовите на тогашната опозиција.

 

 

Дополнително, како цел на обработка биле наведени јавен обвинител и министер во поранешната влада. Истрагата утврдила и намерни одолговлекувања на безбедносни проверки. Како пример е посочен случајот со пратеник од опозицијата, кој чекал безбедносен сертификат, а постапката била намерно успорувана.

 

Во периодот биле злоупотребувани материјално-техничките ресурси на Агенцијата. Според наодите, незаконски се спроведувало и следење на комуникации на опозициски претставници и медиуми.

 

Со Агенцијата во спорниот период раководеле Виктор Димовски и Заре Милошевски.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top