Македонија

Притворени тројца за пожарот на Вардариште – пет години терале бизнис „на црно“ со старо железо и електронски отпад

Заработувале пари со години, не обрнувајќи никакво внимание дека ги загрозуваат во поголеми размери животот и здравјето на луѓето.

Три лица со години правеле бизнис на црно со старо железо, стари акумулатори и други недозволени типови отпад, соопшти Јавното обвинителство. Обвинителството информира дека ја завршило истрагата за овие лица, за кои е побарано продолжување на притворот и истовремено ги истражува случаите со пожарите во депонијата Вардариште и во регионалната депонија Дрисла во Скопје. За нив се очекува одлука од обвинител.

„Тројцата обвинети, на улицата Зендел Џемаил во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година откупувале старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови, отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за управување со отпад.“ – се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинителството вели дека се пронајдени докази оти е нелегално и непрописно носен и фрлан отпад, со што се создале диви депонии. „Тие подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација, за која немале соодветна дозвола за управување со отпад. На 9 јули на таа локација беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал. Поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал беа испуштени чад, пепел и штетни гасови во околинскиот воздух и беше предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери.“ – соопшти Обвинителството.

Обвинителствотo укажува и дека за настанатиот пожар на депонијата „Дрисла“ до овој момент до ОЈО не е поднесено известување, или кривична пријава од надлежните органи. Сепак, се посочува дека  обвинителството ја следи состојбата и ако утврди дека со кривично-правни дејства била загрозена животната средина, ОЈО Скопје веднаш ќе постапи.

„Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, ОЈО Скопје издава и повеќе наредби со цел откривање други сторители на кривични дела. По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје во завршна фаза се и вештачењата во однос на сомнежите за загрозување на животната средина со отпадни материи во постапката,  која се води против сопственичката и неформалниот сопственик на правно лице од Шуто Оризари.“ – информира Обвинителството, откривајќи дека се анализираат вештачењата во сооднос со со други прибрани докази.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Камениот мост ќе заблеска со декоративно осветлување

Првиот човек на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа состанок со својот турски колега од општината Есенлер, Мехмед Тевфик Ѓоксу. Главна тема на нивниот разговор бил неодамнешниот договор преку кој се планира поставување ново архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост.

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес

Традиционално моштите на Свети Георгиј Победоносец во литија ја осветија Струга

По завршувањето на Литијата во дворот на храмот верниците повторно имаа можност да се поклонат пред моштите и чудотворната икона на светителот, а беше приредена и културно уметничка програма

Ѓорѓиевски: Камениот мост во срцето на Скопје добива нов сјај

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која меѓудругото разговарале неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост

To top