Македонија

Лондон финансира бришење слики од девојки објавени без дозвола на интернет

И Македонките чии слики се објавени нелегално на интернет ќе можат да си го решат проблемот

Лондон финансира организација која работи на бришење слики од девојки објавени без дозвола на интернет се вели во објавата на Британската амбасада во Скопје која информира дека Обединетото Кралство се залага за правата на жените и девојчињата во Западен Балкан.

Во објавата се наведува дека Специјалната претставничка на Обединетото Кралство, бароницата Харман, се залага за правата на жените и девојките на Форумот за родова еднаквост во Сараево и дека е најавена нова поддршка од Обединетото Кралство за правата на жените и жртвите на злоставување.

Обединетото Кралство работи на поддршка на мирот, стабилноста и економскиот раст во регионот и обезбедува нова поддршка за правата на жените и девојчињата во Западен Балкан, се вели во соопштението од амабдата на Велика Британија.

Поддршката, која вчера во Сараево ја објави специјалната претставничка на Обединетото Кралство, Хариет Харман, ќе им помогне на организации како што е Фондацијата „Квина Тил Квина“ да ги бранат правата на жените и да се справат со родово базираното насилство во регионот.

Обединетото Кралство, исто така, го поддржува граѓанското општество и им помага на организациите да пристапат до Глобалната клириншка куќа „Стоп за неконсензуалните интимни слики“. Платформата ги отстранува интимните слики споделени без согласност и досега веќе отстранила над 300.000 слики со стапка на успех од 90%.

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за жени и девојки, бароницата Хариет Харман, изјави:
„Денешниот свет се менува брзо и иако жените направија голем исчекор во последните 100 години, мизогинијата е во подем, на улиците, на нашите екрани и во нашите домови.“
„Жените и девојките не само што се клучни за постигнување на нашите цели, туку и ќе го забрзаат нашиот успех.“

Финансирањето, во вредност од над 1 милион фунти, беше објавено на Форумот за родова еднаквост на Берлинскиот процес, како дел од претседавањето на Обединетото Кралство со Берлинскиот процес во 2025 година.

Меѓународната платформа обединува шест земји од Западен Балкан со европски партнери со цел поттикнување на регионалната соработка. Во тој контекст, соработката ќе резултира со состанок на лидерите во Лондон кој ќе се одржи во октомври

Најнови вести од: Македонија

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, вработените од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми се обединија околу заедничка мисија: да донесат надеж на оние на кои им е најпотребна. Преку хуманитарната иницијатива на ТАВ Македонија „ТАВ Готви“, како и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми, ‘Hope On Board’, вработените, волонтери, подготвија 170 […]

Група лекари реагираат, поради „нелегитимност и низа скандалозни одлуки“ и бараат „одговорност во Лекарската комора“!

„Како лекари и членови на Лекарската комора со длабока загриженост и чувство на професионална одговорност реагираме, поради серијата неправилности, кои сериозно го нарушуваат интегритетот на изборниот процес, а со тоа и угледот на целата наша струка.“ – стои во дописот од група на доктори кои биле вклучени во тие избори.

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

Најнови вести

To top