Македонија

Моника на избори оди со Самка, Стевче и Љупчо

Новата коалиција за локалните избори е составена од партиите
ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР

Според податоците до кои дојде expres.mk на локалните избори ќе се појави нова коалиција со стари изборни играчи.

Според информациите новата коалиција за локалните избори е составена од партиите ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР.

На листата на коалицијата која е веќе во фаза на регистрација прва е запишана ЛДП на претседателката Моника Зајкова, потоа ГРОМ на Стевче Јакимовски, Интегра на Љупчо Ристовски и ПЦЕР на Санка Ибраимовски.

Преходно на парламентарните избори ЛДП беше дел од коалицијата на СДСМ и не успеа да освои ниту едно пратеничко место.

Трите други партии заедно учествуваа на парламентарните избори како коалиција и успеаја да освојат нешто над 4000 гласа и беа далеку од добивање на пратенички мандат.

Најнови вести од: Македонија

(Фокус): Делегација на УЈП во работна посета на Даночната управа на Црна Гора

Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област, нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции кои успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација.

To top