Македонија

Зоната на комфорт ја менувам со критики во јавната арена – Интервју со Даме Димитровски, носител на листа за Скопје на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа борба не е само моја ниту на оваа листа, ова е обврска на сите нас што го сакаме Скопје и сакаме да останеме тука

Кој е Даме Димитровски, професорот кој реши да ја замени зоната на комфорт како академски граѓанин и советник на премиерот Мицкоски и да влезе во пеколот на дневната политика каде пофалбите се ретки а критиките секојдневие.

Во битката за раководење со Советот на град Скопје влегува по долгогодишна академска кариера зад себе и богато искуство во инженерството и заштитата на животната средина.

Професорот Даме Димитровски е новото лице на политичката сцена во Скопје. Како носител на советничката листа за Градот, тој вели дека ова не е ниту лесен, ниту комотен потег, туку чин на храброст и лична жртва.

Expres.mk: Што според Димитровски е политиката во Македонија, обврска кон идните генерации или поле за личен напредок?

Димитровски: Во изминатите дваесет години мојата работа беше врзана за универзитетските предавални и лаборатории. Таму го истражував загадувањето на воздухот и развивав модели за негово намалување. Тоа е свет во кој сум комотен и ценет. Но, прашањето што си го поставив е: дали моето знаење ќе остане презентирано само во научни списанија или ќе се претвори во конкретни политики што ќе влијаат врз секој граѓанин? Одлучив дека е време да излезам од зоната на комфор и да влезам во јавната арена, затоа што Скопје бара и повеќе од научни трудови, бара вистински решенија.

Expres.mk: Може ли професорот со решавање на проблемите во екологијата да го направи Скопје модерен и чист град ако не се имплементираат и други системски урбанистички решенија.

Димитровски: Скопје мора да го врати воздухот како предуслов за здрав живот. Тоа подразбира субвенции за домаќинствата, построги стандарди за индустријата и одржлив транспорт. Второ, отпадот – прашање кое предолго се игнорира, мора да се решава системски: селекција, рециклирање и транспарентност. Трето, мора да изградиме зелени оази во секое маало, затоа што град без јавни простори не е град за луѓето. Овие мерки не се апстрактни ветувања, туку практични решенија кои се неопходни и остварливи.

Expres.mk: Како ќе се справувате со политичките напади, знаете дека во Македонија реториката е прилично остра а вие не сте навикнати да бидете таргет на честопати и неосновани напади?

Димитровски: Јас доаѓам од академски свет каде критиката е дел од процесот на напредок. Секако, свесен сум дека во политиката таа често знае да биде и груба и лична. Но, за мене тоа не е слабост, туку потврда дека јавноста е будна и дека нашата работа ќе биде следена од првиот ден. Ќе одговарам со транспарентност, доследност и аргументи, тоа е мојот начин да се справам со политичките предизвици.

Expres.mk: Што вас професоре Димитровски ве разликува од останатите кандидати, кои се вашите компаративни предности пред другите носители на листи.

Димитровски: Мене ме води комбинацијата на стручност и човечност. Јас сум професор, но и татко, сопруг, пријател, комшија. Не сум дел од старите политички елити. За мене политиката не е простор за празни ветувања, туку алатка за решавање на најосновните прашања: воздухот, водата, безбедните улици, институциите во кои веруваме. Тоа е мојата визија за хуман град – вели тој.

Expres.mk: Која е визијата за иднината на градот на професорот Димитровски. Како го гледате Скопје на крајот на вашиот мандат?

Димитровски: Го замислувам Скопје како град во кој тротоарите им припаѓаат на пешаците, град со почист воздух, стабилна и доверлива инфраструктура, со функционален јавен превоз. Град со грижа за најранливите и социјална инклузија. Сакам да го видам градот исполнет со зелени површини, со спортска инфраструктура. Скопје може да биде град во кој младите имат свој глас, млади кои остануваат тука затоа што гледаат перспектива. Скопје, град со добра културна сцена и ноќен живот. Скопје може да биде македонско, наше Скопје, а да применува европски стандарди.

Expres.mk: Која е вашата пораката до скопјани во пресрет на изборите?

Димитровски: Оваа борба не е само моја ниту на оваа листа. Ова е обврска на сите нас што го сакаме Скопје и сакаме да останеме тука. Промената нема да биде ниту лесна, ниту брза, ниту евтина, а низ промената ќе треба да се промениме и ние, како луѓе, институции, индустрија. Но тоа е единствениот пат напред. Верувам дека заедно можеме да изградиме град што ќе биде дом на кој ќе се гордееме.

Најнови вести од: Македонија

Дали безалкохолното пиво „ќе покаже“ на алкометарот доколку ве запре полиција

Иако овие пијалаци содржат само минимални траги од алкохол (обично до 0,5 %), кај дел од луѓето останува прашањето: дали можат да влијаат на резултатот од алкотестот и да предизвикаат проблеми при сообраќајна контрола?

Тешко повредена жена по разорна експлозија и пожар во куќа во охридско Велгошти

Денес претпладнево избувнала експлозија, а потоа и пожар, во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Вечерва стартуваат 25. Зимски олимписки игри во Италија! – Јана Атанасовска, Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска во тимот на Македонија!

Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија во 20 часот официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.

Само вчера фатени уште 11 лица, кои возеле без возачка дозвола! – Возилата им се одземени!

Некои воопшто немале дозволи, некои имале активна забрана на дозволите, а двајца од нив се малолетници, кои возеле без возачка дозвола. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Уште еден протестант се извини на „цела Влада“, на „цела Македонија“: Не знаев што зборувам од стрес, згрешив!

На протестите против проектот „Безбеден град“ неколку граѓани јавно упатуваа закани за физичко насилство и убиства. Сега тие еден по еден во последниве неколку дена во свои снимени видеа „се извинуваат на владата, на министрите, на државата и на целата јавност“. Тие „објаснуваат“ дека во тие моменти „се наоѓале во стрес, во афект, нервоза и страв“. А сега пре целата јавност „изразуваат каење за своите постапки“ и на сите „им упатуваат извинување“!

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата на Македонија за зголемување на платите

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ.

Во пресрет на Милано Кортина 2026, “Самсунг Куќата“(Samsung House) официјално отворена во срцето на Милано

Во срцето на Милано, “Самсунг“ (Samsung), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, официјално отвори “Самсунг Куќа“ (“Samsung House”) во историската палата Сербелони (Palazzo Serbelloni)1 – нов центар за спортистите, медиумите и партнерите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри Милано Кортина 2026.

To top