Македонија

Вреди: Парите на Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ

Веќе неколку дена јавноста е сведок на најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја, афера која целосно ги разголе маските на ДУИ и Али Ахмети. Нивниот молк е најгласното признание. Пред цела Македонија се обелоденија непобитни докази за криминалната и антиалбанска спрега: Мијалков – Ахмети – Вучиќ, се велат од ВРЕДИ.

Веќе неколку дена јавноста е сведок на најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја, афера која целосно ги разголе маските на ДУИ и Али Ахмети. Нивниот молк е најгласното признание. Пред цела Македонија се обелоденија непобитни докази за криминалната и антиалбанска спрега: Мијалков – Ахмети – Вучиќ, се вели во соопштението од Коалицијата ВРЕДИ по пресконференцијата која ја држеше Беким Фазлиу.

  • Веќе неколку дена јавноста е сведок на најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја, афера која целосно ги разголе маските на ДУИ и Али Ахмети. Нивниот молк е најгласното признание. Пред цела Македонија се обелоденија непобитни докази за криминалната и антиалбанска спрега: Мијалков – Ахмети – Вучиќ. Да повториме за оние кои се прават дека не слушнале.

Прво: Фамилијата на Али Ахмети, преку фирмата „АС Сењак“, на 17 септември оваа година продала огромен пакет акции на Алта Банка од Белград, банка директно контролирана од режимот на Александар Вучиќ. Додека зборуваат за патриотизам, фамилијата на Ахмети го продава својот економски профит од нашиот грб и го внесува српскиот свет директно во срцето на државниот банкарски систем.

Второ, и уште пострашно: Истите тие акции, фамилијата на Али Ахмети ги купила една година претходно, на 24 октомври 2024 година, директно од човекот на сите криминални шеми во Македонија, Сашо Мијалков!

Линијата е кристално јасна: Парите на тајниот шеф на полицијата Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ. Ова не е бизнис. Ова е предавство на националните албански интереси и доказ за една мрачна коалиција која работела зад грбот на граѓаните – кажа Фазлиу на пресконференцијата.

Тој потоа праша: И што имаме денес?

  • Громогласен молк. Али Ахмети молчи. Се крие и мисли дека вистината ќе исчезне. Затоа е нервозен. Затоа пак се прави патриот. Ниту еден функционер на ДУИ не излезе да каже ниту збор. Ниту еден не собра храброст да ја одбрани оваа срамна зделка. Молчат и неговите нови партнери. Зијадин Села не сака да каже збор. Арбен Таравари не сака да каже збор. Дали не знаеле со кого влегуваат во коалиција или, пак, знаеле и го одобриле овој сојуз со српскиот свет? – прашува Фазлиу и додава „бидејќи тие молчат, ние јавно прашуваме’
– Ова се прашањата на кои Али Ахмети, ДУИ и неговите партнери избегнуваат да одговорат:
Зошто фамилијата на Али Ахмети купувала акции токму од Сашо Мијалков? Каква е таа тајна врска и каков долг враќал Ахмети кон човекот кој со години ги угнетуваше Албанците?
Зошто истите тие акции се продадени на банката на режимот на Александар Вучиќ? Дали ДУИ е само посредник за перење на валканите пари на оската Скопје-Белград?
Што доби Али Ахмети за возврат? Која е цената за инсталирање на српскиот свет во Македонија и распродавање на интересите на Албанците?
Дали ова е тој „европски фронт“? Фронт со парите на Мијалков и капиталот на Вучиќ? Ова ли е иднината што им ја нудите на Албанците?
И конечно, го прашуваме Али Ахмети, но и Зијадин Села и Арбен Таравари: Дали сите заедно соработувате со Александар Вучиќ или Али Ахмети е само извршител на вашите заеднички зделки? – потенцираше Фазлиу и на крајот посочи дека „нивниот молк е одговор“.

– Тие немаат одбрана, бидејќи се фатени живи во криминал и предавство.

ДУИ не е партија на Албанците. ДУИ е приватна фирма за богатење, која сега служи како филијала на српските интереси во Македонија.
Времето на лагите заврши. Вистината е пред вас. Време е за одговорност – нагласи на крајот тој.

Најнови вести од: Македонија

Македонија фактор на енергетската стабилност: Намалени акцизи, намален данок, најевтини горива во регионот

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар. И покрај нагорните трендови на светските берзи, македонските граѓани ќе продолжат да плаќа најевтини горива во регионот. Владата и официјално ги намали акцизите, 4 денари за нафтата и 2 денари за бензините. На сила уште најмалку […]

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

To top