Свет

Меркeл: Не го прифатија мојот предлог и – Путин нападна

Полска и балтичките земји беа против да разговараме со рускиот претседател

 

„Во јуни 2021 година, почувствував дека Путин повеќе не го сфаќа сериозно Минскиот договор и затоа сакав нов формат, тогаш заедно со претседателот Макрон, каде што ќе разговараме директно со Путин како Европска Унија“, рече pоранешната германска канцеларка Ангела Меркел во нтервју за унгарскиот медиум „Партизан“.

За конфликтот во Украина таа рече дека наишла на отпор.

„Некои луѓе не го поддржаа. Тоа беа првенствено балтичките држави, но и Полска беше против него. Овие четири земји се плашеа дека нема да имаме заедничка политика кон Русија“, рече таа.

„Во секој случај, новиот формат не се материјализираше. Јас ја напуштив функцијата, а потоа започна агресијата на Путин“, додаде таа. Во интервјуто, Ангела Меркел постојано нагласуваше колку е важно, според неа, да се одржува дијалогот, дури и меѓу спротивставените табори.

Таа, исто така, постојано нагласуваше дека избувнувањето на пандемијата на коронавирусот предизвика прекин на многу комуникациски канали и затегнати меѓународни односи. Видеоконференциите, рече политичарот, не се замена за разговорите лице в лице.

„Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус? Никој не може да каже. Коронавирусот ја промени светската политика затоа што повеќе не можевме да се среќаваме“, тврдеше таа. Таа истакна дека самиот Путин не учествувал на самитот на Г20 во 2021 година „од страв од пандемијата на коронавирус“.

„Ако не можете да се среќавате и да ги решавате разликите во мислењата, тогаш повеќе не можете да најдете нови компромиси. Видеоконференциите не се доволни во таква ситуација“, смета Меркел, која беше канцелар од ноември 2005 до декември 2021 година.

Најнови вести од: Свет

Сикорски му порача на Маск: Одлетај на Марс, таму нема цензура за нацистички поздрави

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски му упати остар одговор на американскиот милијардер Илон Маск, кој во серија објави на платформата X повика на „ликвидација на Европската унија“ по казната од 120 милиони евра за кршење на европските регулативи за содржина.

„Скромниот“ Трамп го додаде својот роденден како национален празник

Американските национални паркови во 2026 година повеќе нема да нудат бесплатен влез на Денот на Мартин Лутер Кинг Џуниор и на Џунтинт, но ќе го воведат роденденот на претседателот Доналд Трамп (14 јуни) како еден од „патриотските“ денови резервирани само за американски граѓани и жители.

To top