Македонија

Таравари: Само Касами може да прифати 800 илјади евра од српска компанија за градба на црква и гробишта на албанско општинско земјиште во Тетово?!

Какво е тоа „албанско општинско земјиште“, што „постои“ на територијата на Република Македонија, според Арбен Таравари, челникот на едното од крилата во Алијансата за Албанците, во состав на Националната алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети? Што сака да порача Таравари, велејќи дека „изградбата на црква и гробишта на албанско општинско земјиште токму во Тетово со пари на компанија од Србија е прашање со политички и историски димензии, кое ги загрижува сите Албанци од регионот“?

Лидерот на едното од крилата во Алијансата за Албанците Арбен Таравари вечерва на изборниот митинг на Националната алијанса за интеграција (НАИ) во Боговиње, изрази „голема вознемиреност, поради најновиот развој на настаните во општина Тетово“, каде што – според него – „српска компанија донираше 800 илјади евра за изградба на црква и гробишта, токму на албанско општинско земјиште“. Таравари ја осуди остро „донацијата од Србија, што ја доби општина Тетово, предводена од Билал Касами“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот пишува: Обраќајќи се пред граѓаните, Таравари изјави: „Дали некогаш сте слушнале, во овие 35 години на независна Македонија, дека српска компанија донирала 800 илјади евра на албанска општина? Ако е така, кажете ми на која општина? Зошто е избрано токму Тетово?“ – рече Таравари.

Тој нагласи дека „не станува збор за обична локална тема, туку за прашање со политички, историски и симболични димензии, кое не треба да мине без одговорност“. „Ова не е случајност. Ова не е само помош за изградба на црква. Тука се работи за јасна политичка порака, што се крие зад ‘донација’.“ – напомна Арбен Таравари.

Тој потсети дека претходно реагирал, поставувајќи јавен транспарент, на кој пишуваше дека „тие 800 илјади евра не се за училиште, туку за црква и гробишта“.

Таравари нагласи дека „оваа ситуација не може да не ги загрижи сите граѓани-Албанци од регионот“. „Не е ли ова парадоксално? Да се гради црква на албанско општинско земјиште со пари од српска компанија? А потоа да се каже: ‘Не ја добивме оваа земја сами, туку ВМРО ДПМНЕ ја доби за нас.’ Ова е срамно. Ова е провокација“ – рече лидерот на едното од крилата во Алијансата за Албанците Арбен Таравари на изборниот митинг во Боговиње, Тетовско, објави „Тетова сот“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top