Македонија

За иста работа за Јанчев и Кожувчанка благодарност а за Жан Митрев тригодишен судски прогон

Едниот го гонат со години за ништо, другиот го фалат за истата работа

Колку е нелогично и криминално обвинението против Жан Митрев и неговата клиника најдобро може да се види од јавната благодарност која ја дава лекарот Ненад Лазаров за градоначалникот на Кавадарци и сопственик на компанијата Кожувчанка кои обезбедуваат решение за децениски проблем за дечиња.

Лазаров во пост на Фејсбук изразува благодарност за донаторите Сомалија помош сега децата со дијализа имаат поголеми шанси да се лекуваат без дополнителен стрес.

,,Митко Јанчев и Кожувчанка го решаваат деценискиот проблем со детска дијализа (деца под 10кг) со донација во вид на најсовремен апарат за хемодијализа.
Деца се носеа на полноќ до сега кога ќе имаше итни случаи кај дечиња, сме собирале донации, не го познавам лично човеков но капа доле и ви благодарам од име на сите!
Браво и за запознаеноста со проблемот 🙏”, пишува Лазаров.

Во меѓувреме пред Скопскиот кривичен суд веќе трета година се води судскиот процес против Жан Митрев кој се гони за наводна измама при користење на методата хемофилтрација за која сега Јанчев и Кожувчанка добиваат јавна благодарност.

Хемодијализата и хемофилтрација се речиси идентични методи за спас на тешки болни и истите се правеа и на други приватни и Државната клиника за кардиохирургија но никој друг не беше прогонуван за оваа метода.

Иако на сите во правосудството им е јасно дека прогонот на Жан Митрев имаше цел да се натера да ја продаде болницата за малку пари Јавното обвинителство кое го претставува обвинителката Искра Хаџи Василева не се откажува од пропаднатиот обвинение кое го уништија нејзините сведоци со изјави во судот.

Процесот досега државата ја чини милиони но суетата и корупцијата во одредени бизнис, политички и правосудни кругови не дозволува запирање на процесот во кој ,,тенкото” обвинение веќе е ,,осудено” на пропаст.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

To top