Македонија

Касами најави обнова на Саат кулата во Тетово

Саат кулата во Тетово била изградена од Мехмед Паша во 1608 година

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Ќе се обнови Саат кулата во Тетово, најави Билал Касами, актуелен градоначалник на Тетово и кандидат на Коалицијата „Вреди“ на локалните избори за уште еден градоначанички мандат.

– Еден од најважните проекти е изградбата на Саат кулата, токму овде, покрај Саат џамијата, на местото каде што пред многу векови стоела првата Саат кула. Со тоа му го враќаме на Тетово неговиот оригинален идентитет и му додаваме уште една туристичка атракција на нашиот богат град. Покрај тоа, ќе изградиме современа библиотека и читална, опремени со современа литература, простории каде што младите ќе можат да учат и да се развиваат. Ќе формираме општинска културна установа, ќе воспоставиме нови културни и уметнички манифестации и ќе ги поддржиме младите креатори. Тетово ќе биде жив и активен град во областа на уметноста и културата – рече кандидатот Касами.

Саат кулата во Тетово била изградена од Мехмед Паша во 1608 година. Тоа била монументална градба со квадратна основа, која преминувала во многуаголна и завршувала со интересен покрив. Таа го красела градот до 1933 година, кога била урната поради дотраеноста. Веќе подолго време постои иницијатива за возобновивање на кулата.

– Во првиот мандат го разбудивме културниот дух на Тетово, по долг период на летаргија и незаинтересираност од страна на општината. Тетово повторно го претворивме во културен и уметнички центар за жителите, онака како што му прилега на нашиот град, со десетици настани, активности, фестивали и организации. „Тетовско лето” ги обедини сите генерации во нашиот град, во една прослава на животот, уметноста, културата и спортот. Се погриживме Тетово да ги одразува и своите историски вредности. На „улицата на бутиците” односно улицата Радован Цониќ поставивме калдрма, давајќи ѝ го изгледот што го заслужува. Нашата поддршка за културата и уметноста ќе продолжи и во следниот мандат. Тетово продолжува напред, со Второто поглавје на развојот: уште повеќе, уште подобро, уште посилно – рече Касами.

Најнови вести од: Македонија

Германија и Франција бараат „Европа со две брзини“ – Г6 ќе ги води промените без консензус од сите

Германија и Франција се залагаат за забрзување на клучните политики на Европската Унија преку воведување на систем со две брзини, кој би им овозможил на водечките економии да напредуваат без потреба од консензус од сите 27 земји-членки, пишува The Washington Post.

Тетово добива модерна гимназија: Мицкоски, Касами и Јанева на свеченото отворање

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

To top