Македонија

Прочитајте, предупредете, споделете! – Како Хофер, Тејлор и Фишер ,,научија” македонски

Фирмата работи и во Македонија

Прочитајте, предупредете, споделете порачува експертоѕ за интернет безбедност познат како Q Спировски на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Анализирајќи кампања на фирмата Спорт Вижн тој открива како лица со класични западни имиња Хофер, Тејлор и Фишер без проблем за потребите на кампањата одеднаш ,,научија” македонски и без проблем на чист македонски јазик ги фалат производите кои се нудат.

,,Повторно измама со “откриена тајна” за премногу ефтини производи. Денес од SportVision.

Дали авторот е Елена или Charlotte”, прашува Спировски кој објавува фотографии со иста содржина кои доаѓаат од различни профили.

Оваа него е доволно за да даде корисен совет на потрошувачите пред да бидат измаѓени:

Прочитајте, предупредете, споделете!

Спировски открива повеќе аномалии во рекламата на Спорт Вижн за кои треба добро да се размисли и особено да не се брза.

Целото предупредување на линкот во продолжение

https://x.com/spirovskib/status/1976258598419189887?t=s9PgWiiDtWiIdYBpw53WmQ&s=19

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата ги завршува проектите, сопрени со децении – Соодветно ќе одговориме, ако побара опозицијата предвремени избори

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори, за време на посетата на општина Теарце, каде што присуствуваше на пуштање во употреба детска градинка.

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

To top