Македонија

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата го завршува своето политичко поглавје

Според сите анкети, кандидатите на ВРЕДИ се во убедлива предност, додека „референдумот“ на ДУИ, последниот обид на една партија во паника, им се враќа како бумеранг

Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад, се наведува во сопштението на ВРЕДИ.

„Едниот бара „политички договор“ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого со право треба да го праша: што се случи со писмата што ги испраќаше низ светот и каде исчезна експертизата на Пол Вилијамс?

Другиот лута во паника, стравувајќи дека ќе биде изневерен од двајцата.

Според сите анкети, кандидатите на ВРЕДИ се во убедлива предност, додека „референдумот“ на ДУИ, последниот обид на една партија во паника, им се враќа како бумеранг.

Албанците овој филм го гледаат повеќе од две децении патриотизам во зборови, кражба во дела.

Дваесет години не успеаја да обезбедат ни питка вода во албанските општини; во некои од нив, дури и водата ја оставија затруена со арсен.

Тоа е „светот“ што го создадоа загаден, ненаситен и иструлен одвнатре.

Општините под нивно раководство се жив доказ за хаос, сиромаштија и отсуство на било каква визија.

Затоа, Албанците денес му го вртија грбот на овој „лажен референдум“, што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села„, велат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Нема да се сопре растот на македонската економија со предвремени парламентарни избори, вели премиерот

Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и националистички испади немаат друга програма, па за да ги мобилизираат своите структури и гласачи, единствено што можат да зборуват е за предвремени избори. И ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи со историски резултат на локалните избори во 2021 година, па беше во опозиција 3 години, рече Мицкоски.

Македонија освои награда за „Развивање на темата“ на ЕКСПО во Осака

ЕКСПО 2025 во Осака се одржува под покровителство на Меѓународното биро за изложби, со учество на над 160 земји и организации. Наградите за учесници се доделуваат од меѓународно жири, кое ги оценува павилјоните според четири категории: архитектура, дизајн на изложба, одржливост и развивање на темата – најпрестижната категорија која ја нагласува способноста на павилјоните да ја претстават централната тема на Експото на инспиративен и иновативен начин.

To top