Свет

„MTV“ музичките канали ќе бидат исклучени низ Европа до крајот на 2025 година

MTV музичките канали ќе бидат исклучени низ Европа до крајот на 2025 година, означувајќи крај на ерата на традиционалната музичка телевизија по 44 години емитување.

Одлука која означува културен момент и крај на заедничкото откривање музика и поттикнувајќи размислување за тоа како ја конзумираме музиката во дигиталната ера. За оние кои го поминаа детството со чекање да го видат најновото музичко видео, со нетрпение да ги следат топ листите и да уживаат во сè што MTV нудеше во поп културата и модата, ова е крај на една ера.

Гигантот за забава Paramount Global соопшти тажна вест дека по 44 години непрекинато емитување, оваа културна институција ќе биде трајно затворена до 31 декември 2025 година.

Ќе бидат исклучени пет омилени канали: MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live. Прво тоа ќе се случи во Велика Британија и Ирска, а потоа и во Франција, Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Австралија и Бразил.

Одлуката доаѓа во време на агресивни мерки за намалување на трошоците од Paramount Global, кои годинава се спојуваат со Skydance Media. Понатаму, ова одразува и драстични промени во навиките за гледање и конзумирање медиуми, со музичките фанови кои сè повеќе се префрлаат на дигитални платформи.

Навистина, социјалните мрежи и стриминг платформите се жестока конкуренција, и телевизиските канали не можат да се натпреваруваат – иако нудеа чувство на заедница кое траеше децении, а сега е заменето со по персонализирани начини за доживување на музиката.

Ова исклучување ќе стави крај на поп културното наследство кое започна во САД во 1981 година. Како прво видео што се емитуваше на MTV беше „Video Killed The Radio Star“ од The Buggles.

Потоа следеа легендарни моменти од поп културата: премиерата на видеото „Thriller“ на Мајкл Џексон во декември 1983; Давид Боуви кој се залагаше за црни уметници на MTV News; пионерската реалити емисија The Real World во почетокот на 90-тите; Нирвана која го донесе гренџот во мейнстрим со постојаното емитување на „Smells Like Teen Spirit“; скандалот меѓу Корти Лав и Мадона…

MTV започна да емитува во Европа во 1987 година. Емисиите како MTV Unplugged станаа институции, а каналите во својот врв ја трансформираа промоцијата на видеа во уметнички дела, лансираа музички кариери, дозволија модните трендови да преминат граници и го дефинираа младинската култура.

Со доаѓањето на 2010-тите, традиционалната музичка телевизија стана застарена со појавата на социјалните медиуми и стриминг платформите на барање.

Брендот MTV ќе продолжи преку дигитални платформи и значајни настани како VMAs и EMAs. Но, на последниот ден од 2025 година, музичката телевизија како што ја познаваа генерациите ќе престане да постои.

Најнови вести од: Свет

Сикорски му порача на Маск: Одлетај на Марс, таму нема цензура за нацистички поздрави

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски му упати остар одговор на американскиот милијардер Илон Маск, кој во серија објави на платформата X повика на „ликвидација на Европската унија“ по казната од 120 милиони евра за кршење на европските регулативи за содржина.

„Скромниот“ Трамп го додаде својот роденден како национален празник

Американските национални паркови во 2026 година повеќе нема да нудат бесплатен влез на Денот на Мартин Лутер Кинг Џуниор и на Џунтинт, но ќе го воведат роденденот на претседателот Доналд Трамп (14 јуни) како еден од „патриотските“ денови резервирани само за американски граѓани и жители.

Балкански дух во Виена: Ферарито слета на балкон (ВИДЕО)

Виена неодамна беше сведок на вистински урбан спектакл: црвено „летечко Ферари“ SF90 Stradale вредно 400.000 евра, со помош на огромен кран, беше подигнато на балконот од стан во новоизградената зграда во кварт Флоридсдорф.

To top