Македонија

ДИК им ги одзеде акредитациите на осум набљудувачи поради агитирање

Меѓу нив и Елвис Бајрам и членови на неговото семејство

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 151. седница донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.

Агитирање во Шуто Оризари

Станува збор за домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, кои биле пријавени за злоупотреба на беџовите за агитирање во училиште пред гласачките места.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги наведе имињата на лицата, меѓу кои се:

Елвис Бајрам (кандидат за градоначалник во прв круг).

Сеат Исмаил, Решад Сокол и Алмир Сали (кандидати за советници во Шуто Оризари).

Валентина Бајрам (сестра на Елвис), Шабан Бајрам, Габриел Бајрам и Ќамуран Реунаред.

Кондарко посочи дека овие лица го пречекориле Кодексот за набљудување со непристрасно однесување и вршеле агитирање. ДИК го известила и МВР за настанот, бидејќи агитирањето било надвор од гласачкото место, а ОИК во Шуто Оризари ќе биде известена да им забрани влез во објектите.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top