Лавина затрупа седум алпинисти на хималајски врв во североисточен Непал. Трагедијата се случи вчера во 9 часот наутро по локално време, потврди експедитивната агенција „Севен Самит Трекс“, јавува Би-Би-Си.
Спасувачките екипи пронајдоа две тела, додека потрагата по преостанатите петмина, за кои се верува дека се закопани длабоко под снегот, сè уште е во тек.
Петмина од алпинистите успеаја да се вратат во базата со полесни повреди.
Еден од повредените алпинисти изјави за „Катманду пост“ дека постојано повикувале на помош, но безуспешно. „Доколку спасувачите пристигнале на време, можеше да се спасат повеќе животи“, изјави тој за еден непалски весник.
Меѓу загинатите се двајца Италијанци, еден Канаѓанец, еден Германец, еден Французин и двајца непалски водичи. Сите беа дел од група што тргна повеќе од еден час пред да удри лавината.
Според извештаите, групата се подготвувала да се искачи на блискиот врв Долма Канг (6.332 м), а се искачувале и на Јалунг Ри (5.630 м) како дел од аклиматизацијата.