Бизнис

Акционерите на Тесла ја одобрија платата на Елон Маск од еден билион долари

Акционерите на „Тесла“ го одобрија рекордниот пакет плати за извршниот директор Елон Маск, кој, доколку се исполнат сите амбициозни цели, би можел да достигне вредност од речиси еден билион долари – најголемиот бонус во корпоративната историја.

Акционерите на „Тесла“ го одобрија рекордниот пакет плати за извршниот директор Елон Маск, кој, доколку се исполнат сите амбициозни цели, би можел да достигне вредност од речиси еден билион долари – најголемиот бонус во корпоративната историја.

Одлуката беше донесена со поддршка од 75 проценти од гласовите на акционерите на годишниот состанок на компанијата во Остин, Тексас, придружена со стоечки овации, музика и скандирања на публиката. Маск, кој веќе е најбог човек на светот со нето-имот од околу 473 милијарди долари, славеше на сцената заедно со два хуманоидни робота.

„Она што го започнуваме не е само ново поглавје, туку цела нова книга за иднината на ‘Тесла’“, рече Маск.

„Другите состаноци на акционерите се приспивни песни, а нашите се спектакл“, додаде тој, нагласувајќи го преминирањето на компанијата кон ера на вештачка интелигенција и роботика.

Пакетот не вклучува стандардна плата, туку е целосно врзан за постигнување на високи цели: зголемување на пазарната капитализација на „Тесла“ од 1,4 на 8,5 билиони долари, воведување на милион роботакси во комерцијална употреба, продажба на милион хуманоидни роботи Оптимус и низа други технолошки и финансиски пресвртници во следните десет години. Ако се остварат, Маск би добил 423,7 милиони нови акции, што би претставувало дополнителни 12 проценти од компанијата и би го направило првиот трилионер на светот.

Менаџментот на „Тесла“ ја бранеше одлуката, тврдејќи дека без таков поттик, Маск би можел да ја напушти компанијата – сценарио што „немаме можност да си го дозволиме“. Претседателката на одборот, Робин Денхолм, предупреди дека Маск не добивал значајна компензација од осум години поради правни спорови околу претходниот пакет од 2018 година, кој беше поништен од суд во Делавер, но сега е обновен.

Разочарувачки за некои аналитичари беше фокусот на Маск врз хуманоидниот робот Оптимус во говорот, наместо врз оживувањето на продажбата на електрични возила, чии профити во третиот квартал на 2025 година паднаа за 9 проценти на 4,2 милијарди долари.

„Погледнете каде е неговиот фокус“, напиша Џин Манстер од Deepwater Asset Management на платформата X.

„Неговата ‘нова книга’ започнува со Оптимус. Нема ниту збор за автомобили, FSD или роботски такси“.

Подоцна, Маск се осврна на автономниот систем за возење Full Self-Driving (FSD), тврдејќи дека „Тесла“ е „скоро подготвена“ да им дозволи на возачите „буквално да испраќаат пораки додека автомобилот сам вози“. Американските регулатори, меѓутоа, сè уште ја истражуваат технологијата поради серија инциденти во кои возила на „Тесла“ поминале на црвено светло или влегле во погрешна лента, предизвикувајќи повреди.

Одлуката, и покрај опозицијата од големи инвеститори како Норвешкиот суверен фонд и советодавните фирми Glass Lewis и Institutional Shareholder Services, ја потврдува довербата на акционерите во визијата на Маск за трансформација на „Тесла“ во лидер во ИИ и роботика, но и ја отвора дебатата за ризиците од разводнување на акциите и потенцијалниот одлив на талент.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top