Македонија

Кривична пријава и 30-дневен притвор за полицаец, оти крадел бакарни кабли во Скопје со тројца соизвршители

„Предлог за утврдување дисциплинска одговорност и задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија на полицаецот Н.А., сторител на оваа тешка кражба.“ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поднесена е кривична пријава против полициски службеник од СВР Скопје за кривично дело „тешка кражба“ и одреден му е 30-дневен притвор. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе до Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво и со кривичното дело „соизвршителство“, информираат од МВР.

„Пријавениот во повеќе наврати од 5 јануари 2025 до 7 мај 2025 година со претходен меѓусебен договор и со заедничко дејствување со три лица од Скопје, украле бакарни кабли – јавни инсталации, кои содржат бакар од објекти на Акционерско друштво од Скопје, сместени во кругот на поранешна фабрика од Скопје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе против Н.А предлог за утврдување дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија.“ – соопшти МВР.

Најнови вести од: Македонија

Агенцијата за вработување објави оглас за самовработување, до 10.000 евра за млади претприемачи

Денес e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови.

Наместо нова идентитетско-историска капитулација со „Бугари во устав“ – поврзување со суверенистичка Европа за лобирања и борба за македонската кауза и ЕУ-патот (1)

Во јуни 2026 година ширум Европа, а особено во државите на ЕУ, се засилува трендот на политички иницијативи, програми и јавни барања за заштита на националниот идентитет, суверенитетот и политичката самостојност на државите од најразличните видови на закани кон овие клучни концепти во постоењето и дејствувањето на кој било народ и држава во Европа и светот. Таквите иницијативи, програми и барања доаѓаат не само од десничарски националистички партии, туку и од влади и државници на водечки европски држави и политички лидери од други земји од „евроклубот“, како од Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Полска, Словачка, потоа од влијателни државно-политички групации на европскиот континент, како што е „Вишеградската група“ на земји. Ја посочуваме и Швајцарија со пораките, кои извираат и од нивниот најнов референдум со демографско-идентитетски белези. Политичка Европа допрва ќе влегува во период кога државите и нивните институции, нивните водечки партии и политички елити ќе бараат сѐ повеќе нови механизми за заштита на националниот и државниот идентитет и суверенитет, културата, економијата и политичката самостојност. Лобирањата и борбата за македонската кауза и националната и јазична самобитност, како и за чекорењето по патот кон ЕУ само како Македонија и македонски народ, мора и може да се остварува сѐ повеќе во рамки на суверенистичка Европа.

Мицкоски: Редно е трговците да ги намалат цените инаку….

Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, рече премиерот

To top