Бизнис

Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика

Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани

Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани. Овој буџет, буџетот за 2026 е креиран во услови на глобална непредвидливост, но сепак се осврнува на потребите на граѓаните и институциите, рече пратеничката Весна Георгиева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во надлежната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.

Според неа овој Предлог буџет за 2026 година нуди јасна визија, стабилна основа.

-Пораката од буџетот за следната година е силна порака економски раст и фискална дисциплина во државата, вели Георгиева.

Проектираниот раст на економијата за 3,8 раст е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст.

-Ова е сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо. Ова покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Ова е внимателно испланиран буџет без авантури и со одговорност кон идните генерации, заклучи Георгиева.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top