Свет

Мерц и Голоб „изненадени и навредени“ што Орбан не им кажал дека ќе оди во Москва

Германскиот канцелар и словенечкиот премиер го обвинија унгарскиот колега дека „не игра за европскиот тим“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и словенечкиот премиер Роберт Голоб го критикуваа својот унгарски колега Виктор Орбан за неговата посета на Москва.

Мерц рече дека лидерите на Европската унија „со години биле свесни за ставот на Орбан“, потсетувајќи на неговата посета на Москва минатата година, само неколку дена по преземањето на претседателството со ЕУ.
Тој нагласи дека посетата била неуспешна и проследена со брутални напади врз Украина.

Тој нагласи дека посетата била неуспешна и дека била проследена со брутални напади врз Украина.

„Тој патува без европски мандат и без да се консултира со нас“, рече тој за време на прес-конференцијата со Голоб во Берлин, објави „Гардијан“.

Продолжувајќи на оваа тема, Голоб рече дека унгарскиот лидер „не играл за европскиот тим веќе некое време и оваа посета доаѓа во тој контекст“.

Орбан пристигна во Москва денеска, по што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. По пристигнувањето тој рече дека има намера да разговара за енергетската соработка со Русија на состанокот. Унгарскиот лидер, исто така, изјави дека земјата е подготвена да обезбеди платформа за разговори за решение на украинската криза.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top