Македонија

„МојДДВ“ повторно функционира

„МојДДВ“ повторно е во функција, извести Управата за јавни приходи и ја информира јавноста дека техничките проблеми со мобилната апликација се успешно надминати – Корисниците повторно можат да ги скенираат своите фискални сметки без потешкотии. Потсетуваме дека фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање – што значи […]

„МојДДВ“ повторно е во функција, извести Управата за јавни приходи и ја информира јавноста дека техничките проблеми со мобилната апликација се успешно надминати

– Корисниците повторно можат да ги скенираат своите фискални сметки без потешкотии. Потсетуваме дека фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање – што значи дека нема да има пропуштени можности за поврат на ДДВ за сметките издадени во претходните денови, објави УЈП.

Апликацијата за скенирање фикални сметки беше во прекин два дена.

Најнови вести од: Македонија

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top