Бизнис

Над 11 илјади македонски граѓани на печалба во Хрватска до крајот на ноември

Македонија е на шестото место според бројот на добиени дозволи за престој и работа во членката на ЕУ

До 30 ноември вкупно 11.384 граѓани на Република Македонија добиле дозвола за престој и работа во Хрватска.

Во тој поглед Македонија е на шестото место кај ексјугословенската земја-членка на Европската унија, далеку зад хрватскиот сосед Босна и Херцеговина со 30.188.

Втор е Непал со 29.579, трета Србија со 23.145, а пред Македонија се уште Филипини со 16.195 и Индија со 14.500.

Следуваат Косово со 5.860, Узбекистан со 5.161, Египет со 5.149, а во топ 10 е и Бангладеш со 3.183.

Во првите 11 месеци годинава Хрватска им издала дозволи за престој и работа на 160.176 странци.

Најнови вести од: Бизнис

To top