Македонија

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе е идентична со полициските радари

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, појасни дека отстапките на камерите од системот „Безбеден град“ ќе се усогласат со оние што се применуваат кај останатите полициски радари. „Сејф Сити“ отвори и поширока дебата за законските и практичните предизвици, за ефикасноста на системот и за тоа дали мерката е пред сè безбедносна или фискална, што останува во фокусот на јавноста во наредниот период.

Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч, најави вечерва во гостување на емиијата „Топ тема“ на ТВ Телма министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Миностерот Тошковски појасни дека наведената толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Системот „Сејф Сити“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија.

  • „Кога службените возила ќе постапуваат во рамки на нивното оперативно делување нема да бидат. Кога нема да постапуваат, ќе бидат. Тоа значи дека секое возило на брза помош, пожарна, МВР, Министерството за одбрана, при вршење службени дејствија нема да биде дел од системот доколку тоа се оправда согласно целисходноста на нивното делување во рамки на нивното службено дејствие. Но доколку нивните службени дејствија не оправдуваат брзо возење, секако дека ќе бидат казнети. Системот ќе процесуира казна исклучиво само доколку станува збор за нерегуларно управување со моторно возило во рамките на потребите на институциите“, изјави министерот Тошковски.

Според него, доколку нема оправдана причина за брзо возење, казните ќе важат и за службените возила.

  • „Кога службено возило се користи во рамки на оперативни дејствија, тогаш истото не може да биде третман на почитување на сообраќајни правила во рамки на системот Сејф сити. Но кога службено возило на пример во рамки на Агенција за одземен имот, имаше едно кое циркулираше низ медиуми е управувано од било кого, мора да почитува сообраќајни правила заради тоа што неговата употреба не е согласно посебни правила дефинирани од МВР или законска регулатива“, додава Тошковски.

Темата „Сејф Сити“ отвори и поширока дебата за законските и практичните предизвици, за ефикасноста на системот и за тоа дали мерката е пред сè безбедносна или фискална, што останува во фокусот на јавноста во наредниот период.

Најнови вести од: Македонија

Уставните судии отворија пат платите на сите судии и обвинители да се уште повисоки

Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите, соопшти претседателот на Судот, Дарко Костадиновски по завршување на седницата и гласањето по понесените иницијативи, наведувајќи дека тоа е во насока на заштита на судската независност од извршната и законодавната власт.

Самофалбите на „Живата легенда“ Ахмети, кој „со албанското востание и Охридскиот договор удри камен-темелник на албанската државност“ во РМ?!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пак говори за „албанска државотворност во Македонија“, а исто така и албанската министерка за надворешни работи Елиса Спиропали во текот на својата посета овде ги прогласи „33-те проценти Албанци во РСМ како државотворен народ“, иако во унитарна Република Македонија само македонскиот народ е државотворен и конститутивен народ,. Случајност, или „симптоматично совпаѓање“ во изјавите меѓу Ахмети и Спиропали?!

Највозрасните граѓани може да здивнат – линеарното зголемување на пензиите засега останува

Уставниот суд не донесе одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите, бидејќи ваквиот предлог немаше мнозинство гласови. Ставови на Кацарска и Костадиновски.

Најнови вести

To top