Македонија

МНТ слави 80 години со сценски спектакл: „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Во пресрет на 80-годишнината од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ), на 29 декември 2025 година на големата сцена премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски.

Во пресрет на 80-годишнината од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ), на 29 декември 2025 година на големата сцена премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата е спој на минатото и сегашноста преку клучните вредности на МНТ – љубов, уметничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината.

Спектаклот претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза, песна и ликовна уметност – емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и сите професионалци зад кулисите кои го создаваат сценскиот универзум на МНТ.

Во претставата учествува огромна актерска екипа од ансамблот на МНТ, оперски пејачи, актери и студенти по актерска игра од Факултетот за драмски уметности и Еуропа Прима. За Кореографија е задолжена: Олга Панго (асистент: Ирена Лозинска),Асистент на режија: Андреј Цветановски,Сценографија: Валентин Светозарев, Костими: Марија Пупучевска,Музика: Горан Трајкоски,Дизајн на 3Д-видеомапинг: Сергеј Светозарев.

Публиката ќе биде дел од големо патување во „театарот на сонцето“, со акцент на 3Д-видеомапингот и спој на повеќе изразни средства.
Насловот „Сонцето, колку е блиску сонцето“ е првата реплика изговорена на македонски јазик на сцената на МНТ – од актерката Вера Вучкова на 3 април 1945 година во претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров.

Во драмската структура се користени материјали од: Глигор Прличев, Војдан Чернодрински, Ташко Георгиевски, Ристо Крле, Дејан Дуковски, Горан Стефановски, Блаже Конески, Јордан Плевнеш, Петре М. Андреевски, Коста Рацин, Браќа Миладиновци, Никола Јонков Вапцаров, Коле Неделковски, Васил Иљоски, Гане Тодоровски, Марко Цепенков, Живко Чинго, Коле Чашуле и Крсте Петков Мисирков, како и текстови од Бранислав Нушиќ, Исак Бабељ, Н.В. Гогољ, Гордан Михиќ и Александар Корнејчук.

Во спектаклот играат (дел од ансамблот): Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Снежана Коневски-Руси, Александар Шехтански, Кирил Андоновски, Томе Витанов, Нино Леви, Искра Ветерова, Сенко Велинов, Дарја Ризова, Тања Кочовска, Никола Ристановски, Сашко Коцев, Звездана Ангеловска, Борче Начев, Благој Веселинов, Нина Деан, Ѓорѓи Јолевски, Габриела Петрушевска, Александар Ѓорѓиески, Наталија Теодосиева, Стефан Спасов, Александар Микиќ, Марија Новак, Оливер Митковски, Николина Кујача, Софиа Насевска-Трифуновска, Арна Шијак, Дамјан Цветановски, Григор Јовановски, Ненад Нацев, Јордан Симонов, Гораст Цветковски, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Висар Вишка, Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Тина Трпкоска, Билјана Јовановска, Јана Вељановска, Леонида Гулевска, Бранко Михајловски, Илина Чонкова, Ванеса Тримчевска, Анастасија Митровска, Иво Јездиќ, Мирјана Трпковска, Ирена Димеска, Кристина Гиева, Ана Јовановска, Нела Павловска, Томе Станковски, Јована Миладинова, Стефанија Начевска, Стефани Димитрова, Енис Билаловиќ, Ѓорѓи Нешковиќ, Илин Јовановски, Тамара Ристоска, Тодор Стојковски; оперски солисти Ана Дурловски и Игор Дурловски, како и членови на Актерското студио Михајловски.

„Перформансот е големо патување низ националната драма и сите основоположници на македонската драма и литература. Во претставата ќе бидат претставени сценски слики од највпечатливите моменти на сите големи автори на големата драматика, како и сите оние слики што се втиснати во колективната меморија и традиција“ – вели режисерот Дејан Пројковски.

Најнови вести од: Македонија

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената

На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. […]

Најнови вести

To top