За време на посетата, Мицковска оствари средба со хоспитализираните деца и им подели подароци, со што, како што информираат од Клиниката, беа внесени радост и насмевки во болничките простории.

„За време на посетата, таа се сретна со нашите најмали пациенти и им подели подароци во пресрет на новогодишните празници, внесувајќи радост и насмевки во просториите на Клиниката“, велат од Клиниката за детски болести.

Посетата беше проследена и од директорот на Клиниката, спец. д-р Реџеп Мемеди, кој ги придружуваше гостите за време на обиколката и ја истакна важноста на ваквите гестови.

Тој изрази благодарност за поддршката и вниманието кое, како што беше посочено, е насочено не само кон децата, туку и кон здравствениот персонал кој секојдневно се грижи за нивното здравје.