Регион

Георгиев: 2,7 милиони лева за Бугарите во Македонија, Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија

Бугарското Министерство за надворешни работи вложува континуирани напори за обезбедување правна заштита за Бугарите од Македонија

 

„Континуираните неприфатливи политики на кршење на правата на граѓаните со бугарски идентитет во Македонија ја потврдуваат постојната објективна потреба од финансиски обезбеден механизам за правна заштита и процесно застапување во случаи на политички мотивирани кривични гонења, манифестации на дискриминација, говор на омраза и злосторства од омраза врз антибугарска основа“.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, како одговор на прашање од пратеник од редовите на бугарската коалиција „Продолжување со промени – Демократска Бугарија“. Прашањето се однесува на средства за поддршка на бугарската заедница во странство.

Според Георгиев, бугарското Министерство за надворешни работи вложува континуирани напори за обезбедување правна заштита за Бугарите од Македонија, а како случај го наведуваат поранешниот претседател на распуштениот клуб „Иван Михајлов“, Љупчо Георгиевски.

„Бугарската држава на највисоко институционално ниво е доследна во поддршката на Георгиевски. Министерството за надворешни работи внимателно го следи развојот на судскиот процес против него уште од неговото основање, пред повеќе од две години“, изјави министерот.

Во 2025 година, од бугарскиот буџет се издвоени 2.700.000 лева за спроведување на Програмата за поддршка на организациите на бугарските заедници од Албанија, Србија, Косово, Украина и Молдавија и за граѓаните на Македонија со бугарска свест.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Најнови вести

To top